10/12/2020 15:22
•
Posted by: MK News
Директорот на системот за здравствена нега и заштита на Стокхолм, апелираше денеска до шведската влада да им испрати медицински работници и друг болнички персонал, додека престолнината се бори со вториот бран на пандемијата која ја доведе до исполнетост на одделенијата за интензивна нега. „Потребна ни е помош“, рекол Бјорн Ериксон директор на системот за здравствена […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2020 15:18
•
Posted by: MK News
Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе решава за воведување порестриктивни за заштита од корона вирусот. Како опција ќе се разгледува намалување на работното време на угостителските објекти, во пресрет на новогодишните празници, но не карантин и полициски час. Министерот за здравство, Филипче, истакна дека овие две мерки нема да дадат резултати и подобрување […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2020 15:15
•
Posted by: MK News
„Макпетрол” денеска информираше дека непознато лице се претставува лажно под името на компанијата „Макпетрол”, испраќа смс пораки до граѓаните и ги известува дека се добитници на награда. За ваквото дејствување, како што велат информирани се и надлежните институции. -Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол” АД Скопје има една наградна игра која се реализира под мотото […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2020 15:11
•
Posted by: MK News
Мнозинството пратеници во бугарскиот парламент гласаа за измени во Законот за работни односи, односно за преименување на националниот празник 24 Мај. Во пресрет на парламентарните избори во соседна Бугарија кои се закажани за на пролет идната година, владеачките „Обединети патриоти“ на секој начин се обидуваат да добијат политички поени. Додека Владата се соочува со повеќемесечни […]
______________________________________________________________________________________________________
10/12/2020 15:08
•
Posted by: MK News
Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега има иницирано 25 вонредни надзори за сите условно речено, помлади пациенти. Три од нив се во текот на последната недела, а утре следува и инспекциски надзор за 28-годишен пациент кој почина на 8 декември, истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова. Таа на денешната прес-конференција […]
______________________________________________________________________________________________________
06/12/2020 15:32
•
Posted by: MK News
Легендарниот фолк-интерпретатор Џеј Рамадановски почина денеска на 56-годишна возраст од срцев удар, јавуваат српските медиуми ,,Телеграф,, и „Пинк.рс“. Џеј неодамна во едно интервју изјави дека е во строг карантин поради здравствените проблеми кои ги има и дека коронавирусот би бил погубен за него. Не можам да излезам никаде за да не ризикувам да се заразувам. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:38
•
Posted by: MK News
Бугарската влада веднаш да го одобри почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, а дебатите, наместо за историски прашања, да се префрлат на полето на соработката во културата, економијата, политиката, екологијата…, бараат група бугарски интелектуалци во отворено писмо упатено до премиерот Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи Екатерина Захариева, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Софија, како […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:35
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ денес повторно излегува на протест во главниот град пред Владата. Протестот ќе започне во 12.30 часот од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“. „Денес ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот повторно излегува на улица. Излегува на улица затоа што Заев повторно излажа дека не преговарал за името, идентитетот, јазикот, историјата. Заев изјави дека е постигнат […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:33
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се започнати интензивни подготовки со кои ќе се подготви здравствениот систем за вакцинацијата за Ковид-19. „Обезбедивме 833.000 вакцини за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот. Вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните и ќе се врши во вакциналните пунктови и болници.“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:32
•
Posted by: MK News
Ние сме Македонци што зборуваме македонски и сме членка на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваат македонски и ќе сме членка на ЕУ, а патриотизам е да не бидеш заглавен во минатото и со тоа да ја загрозуваме сегашноста којашто никако не може да ја отвори иднината, рече премиерот Заев во интервју за радио […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:31
•
Posted by: MK News
Ниту еден од овие лекови не се докажани дека помагат специфично за новата болест, порача министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дека на црно преку интернет се продаваат лековите ремдесивир и фавира за лекување на коронавирусот. При денешната посета на Штип посочи дека тоа се лекови коишто се докажани дека помагаат […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2020 14:26
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ пред трговскиот центар Сити Мол во Скопје. Се судриле две возила од кои едното со марка „форд“ со охридски регистерски ознаки е превртено. Од превртениот автомобил се извадени двајца живи патници. На местото на несреќата пристигна брза помош и полиција.
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2020 16:28
•
Posted by: MK News
Вакцината за Ковид-19, која се очекува да пристигне во почетокот на следната година нема да биде задолжителна, а ќе биде бесплатна за сите граѓани, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Како што посочи, набавната цена за една вакцина, според иницијалните документи кои ги добиле преку ковакс механизмот, е 10 долари. Во однос на динамиката […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2020 15:52
•
Posted by: MK News
Првата фотонапонска централа во земјата која истовремено произведува електрична енергија од сонцето и од одблесокот на светлината се инсталираше во Неготино од страна на ЕВН Македонија. Оваа централа е дел од најсовремените светски технологии, направена од т.н. бифацијални панели кои во горниот дел ја акумулираат директната сончева светлина, додека во долниот дел го акумулираат одблесокот […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2020 12:44
•
Posted by: MK News
Антикорупциска ќе истражува како и кога во ИЈЗ била вработена ќерката на Жарко Караџовски, откако таа оваа информација вчера ја објави на фБ. Комисијата ќе проверува и дали има судир на интереси што таа е задолжена да ја објавува дневната ковид статистика кога нејзиниот татко претседава со комисијата за заштита од заразни болести. Ако има […]
______________________________________________________________________________________________________
03/12/2020 12:40
•
Posted by: MK News
И денес продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ. Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата. ВМРО-ДПМНЕ го предупредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2020 14:45
•
Posted by: MK News
Земјотрес попладнево е почувствуван во околината на Скопје.Земјотрес со јачина од 3.9 степени по Рихтеровата скала попладнево беше почувствуван во Скопје и околината. Епицентарот е на 12 километри источно од Скопје, односно на 82 километри југоисточно од Приштина, на длабочина од 1 километар. Земјотрес со јачина од 4.4 степени според Рихтер беше регистриран неколку минути […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2020 21:37
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер Бучковски е нов специјален преставник за односи со Бугарија. Неговиот мандат ќе трае една година мандат и неговата мисија ќе биде да ги реафирмира релациите меѓу двете земји. За Сител вели дека за таа цел ќе биде повеќе во Софија отколку во Скопје. Бучковски потврдува дека се клучни наредниве десет дена, но и […]
______________________________________________________________________________________________________