12/09/2017 18:06
•
Posted by: MK News
Двајцата рудари од Македонија, кои загинале синоќа во рудникот „Леце“ кај Медвеѓа, се Зоран Петковски (48) од Крива Паланка и Тони Нанев (50) од Пробиштип, објави „Канал 77“. Според првичните информации несреќата се случила околу 23 часот и 30 минути по минирањето кога најверојатно, според лекарите, двајцата рудари се задушиле од отровните гасови во јамата. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 16:38
•
Posted by: MK News
Намалени трошоци за репрезентација, а обезбедени средства за полицијата. Започната постапка за набавка на 7.000 комплет униформи за полицајците, за летачкиот персонал, за ЕЗС, распишан оглас за нови 500 полицајци…, се само дел од преземените чекори на МВР за кои денеска информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за сработеното во првите сто дена. – […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 16:30
•
Posted by: MK News
Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ смета дека државата Србија му нанела штети во имот и добивка и бара надомест во износ од 1,3 милијарди евра, тврди „Српски телеграф“. Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека Кариќ бара оваа сума да му биде надоместена со тоа што ќе стане сопственик на повеќе државни фирми и имоти, […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 16:29
•
Posted by: MK News
Во рудникот „Леце“ во околина на Медвеѓа на југот од Србија, синоќа околу 23 часот, се пронајдени беживотните тела на двајца македонски државјани, кои биле вработени во тој рудник. Според српските медиуми, раководството на рудникот потврдило дека настрадале македонските државјани З.П. (48) и Т.Н. (53). Според сведоци, несреќата се случила за време на минирањето не […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 16:28
•
Posted by: MK News
Средношколка од тетовското село Боговиње добила тешка повреда на главата и во неконтактибилна состојба итно била пренесена на скопските клиники откако вчера околу 14 часот паднала од автобус во близина на бензинската пумпа во Долно Палчиште, соопшти СВР Тетово. Полицијата соопшти дека првичните сознанија од извршениот увид укажуваат на тоа дека девојката се превезувала со […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 16:25
•
Posted by: MK News
Ловците на урагани го снимиле „окото“ на Ирма додека со авион летале над разорниот ураган кој беснееше на Карибити, Куба и Флорида. Капетанот Фил Бланчер управувал со авионот во мисија на собирање на метеоролошки податоци кои ќе помогнат во предвидување на идното движење на ураганот Ирма. На Флорида има популација од околу 5,6 милиони луѓе, […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 13:43
•
Posted by: MK News
Околу 600 илјади згради може да се урнат во Истанбул во случај на голем земјотрес за што научници одамна предупредуваат дека се очекува во тој реон, објави весникот Хуриет дејли њуз. Тоа го изјави министерот за животна средина Мехмет Јозхасеки. Министерот додаде дека научниците прогнозираат во Истанбул голем земјотрес во следните 15 до 30 години […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 13:24
•
Posted by: MK News
Во Судот во Скопје денеска ќе има ново рочиште за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Денеска на јавна седница, врховните судии треба да ги разгледаат жалбите за доживотните затворски казни кои на осудените им ги изрече Основниот, а ги потврди и Апелациониот суд. Случајот пред Врховниот суд го застапува обвинителката Лилјана Спасоска […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:34
•
Posted by: MK News
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.9/2017 за долгови доспеани до 31.05.2017 и неплатени до 31.08.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, и тоа за износ повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност, како […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:32
•
Posted by: MK News
Седумнаесетгодишен средношколец претпладнево го загуби животот по пад од кошот во кошаркарското игралиште во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица. Според Министерството за внатрешни работи, во 10 часот и 15 минути во Полициската станица во Струмица било добиено телефонско известување од струмичката Општа болница дека било пренесено безживотно тело на дете родено 2000 година со место […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:31
•
Posted by: MK News
Силен пожар нешто по 13 часот и 30 минути зафати дел од гаражи и автомобили кај Декорпот, пренесува Тв Орбис. На терен се две противпожарни возила со 4-5 пожарникари кои по половина час успеаа да ги стават под контрола пламените јазици. Жителите од околните згради за ТВ Орбис велат дека не знаат како и од […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:27
•
Posted by: MK News
Јапонец загинал откако паднал од мост возбден што девојката се согласила да стапи во брак со него. Мажот на возраст од 32 години го запрел автомобилот на мостот Ираби во Јапонија, ја извел девојката надвор и ја запросил. Од среќа што кажала „да“ се качил на оградата од мостот ги раширил рацете и по неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:26
•
Posted by: MK News
Среде природната непогода, која ја погоди Флорида, налетот на ураганот Ирма, во една куќа во Мајами се роди девојче. Бебето е родено во родителскиот дом, со помош на советите, кои лекарите на мајката и ги давале преку телефон. Пожарникарите на Мајами не можеле на време да дојдат до мајката, во предградието Мал Хаити, поради ураганот […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:25
•
Posted by: MK News
Пред налетот на опасниот ураган Ирма, спас морал да побара и познатиот британски милијардер Ричард Бренсон, кој од застрашувачката непогодба, која го затекна на неговиот приватен остров Некер, еден од Британските девствени острови, се засолнил во својот вински подрум. Основачот на „Вирџин“ групата напиша на својот блог дека одлучил да избегне евакуација и да остане […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:25
•
Posted by: MK News
Пратеникот Максим Димитриевски е кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ. – Ќе ја оправдам укажаната доверба, да победи единството и заедништвото, преточено во визија за достоинствено Куманово и просперитетна Република Македонија – напиша тој на Фејсбук заблагодарувајќи се на номинацијата. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, кандидат е лекарот Зоран Ѓорѓиевски, кој беше номиниран и […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:17
•
Posted by: MK News
Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави за Си-Би-Ес, дека повеќе нема да се кандидира за политички функции, но дека планира да остане ангажирана во политиката. Клинтон го даде интервјуто еден ден пред да биде објавена нејзината книга „Што се случи“, каде е анализирана ланската предизборна кампања. Таа посочи, дека нема да се бори […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:16
•
Posted by: MK News
Снимката од Мајами пред и после ураганот Ирма најдобро покажува каква штета направи во градот. Улиците од Мајами се поплавени, дрвата искорнати, а уништени се и водовите со струја, поради што над 4 милиони луѓе останаа без струја. Неколку луѓе загинаа. Поплавен е и аеродромот во Мајами, кој е најголем на Флорида и кој нема […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:10
•
Posted by: MK News
Се срамам што сум премиер на земја каде што затворите се надвор од сите стандарди на хуманост и социјалниот аспект на животот на лицата кои се осудени и издржуваат казна во казнено-поправниот дом Идризово, порача денеска премиерот Зоран Заев при посетата на затворот по покана на Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права на […]
______________________________________________________________________________________________________