10/08/2017 18:25
•
Posted by: MK News
Манчестер Јунајтед го бара детето на кое што тренерот Жозе Мурињо му го подари сребрениот медал по Супер купот на УЕФА во Скопје. „Врвен гест од Жозе, што го подари медалот од УЕФА Супер купот на млад навивач! Дали некој го познава среќниот добитник? Ве молиме контактирајте не!“, пишува на страницата на Манчестер Јунајтед. – […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2017 18:22
•
Posted by: MK News
Принцезата Дијана го фатила принцот Чарлс во ситуација кога седејќи во тоалет водел интимни рагзовори со Камила, наведуваат британски медиуми повикувајќи се на нови снимки. Покојната принцеза од Велс, љубовницата на нејзиниот сопруг ја опишала како повулгарна од него, зашто слушнала нивен многу експлицитен разговор. Зборувала и за желбата да го спречи Чарлс да стане […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2017 18:20
•
Posted by: MK News
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Собранието на Република Македонија, денеска поднесе интерпелација за работата на министерот за финансии Драган Тевдовски. -Министерот за финансии односно министерот за кратење и задолжување Драган Тевдовски со своето конфузно, неодговорно и некомпетентно работење во овие седумдесетина дена откако ја извршува оваа функција докажа пред нас […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2017 18:18
•
Posted by: MK News
Македонската кошаркарска федерација ја извести македонската спортска јавност дека по одржаните состаноци и консултации со надлежните органи била донесена одлука, од безбедносни причини, билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово да не бидат пуштени во продажба. Нашите кошаркари за два дена ќе го играат клучниот меч од претквалификациите за СП 2019 во Кина, а МКФ […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2017 18:16
•
Posted by: MK News
Секретарот на Алијансата за Албанците и министер за здравство во владата на Зоран Заев, Арбен Таравари, ја обвини УЕФА за „сериозни пропусти“ и инциденти при организација на Суперкупот. Според Таравари, УЕФА предизвикала сериозен инцидент со тоа што ги навредила Албанците при организацијата на отварањето на спектаклот бидејќи не биле претставени и Албанците или, како што […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2017 18:14
•
Posted by: MK News
Триесет и шест годишниот С.Н. од село Сопот е пријавен за исчезнат. Неговиот брат во полиција случајот го пријавил во вторникот истакнувајќи дека братот од 11 часот заминал од дома во непознат правец. Последен пат бил виден како со автобус заминал во Кавадарци и не се вратил дома.Неговиот брат на социјалните мрежи објави фотографија и […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2017 18:11
•
Posted by: MK News
Тројца разбојници завчера ограбиле момче во градски автобус во населбата Пинтија. Како што соопшти МВР, кражбата Б.Ј. (25) ја пријавил вчера во 09.45 часот во Полициска станица – Драчево, а се случила на 08 август во 14.10 часот во населба Пинтија, во градски автобус. – Три непознати лица извршиле разбојништво врз него. Сторителите со закана […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2017 15:00
•
Posted by: MK News
Ирската пејачка Шинејс О’Конор сподели срцепарателна снимка на Фејсбук во која откри дека има суицидни мисли и дека живее сама во мотел во Њу Џерси, како и дека сите кренале раце од неа. Педесетгодишната пејачка објавила дванаесетминутно видео на својата официјална страница на Фејсбук во кое на обожавателите им рекла дека е препуштена сама на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2017 14:55
•
Posted by: MK News
Европската фудбалска федерација (УЕФА) со пофални зборови на својот твитер канал изрази воодушевување од организацијата. Натпреварот и се што беше предвидено на Националната Арена „Филип Втори“ се одвиваше без забелешки. – Благодариме Скопје. Фантастичен домаќин на Супер купот 2017, е напишано во објавата. Четириесет и второто издание на Супер купот се одигра синоќа во Скопје, […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2017 14:51
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе поднесе кривична пријава против 25-годишниот Б. Р, вработен во Агенцијата за разузнавање, кој беше приведен вчера пред почетокот на Суперкупот во Скопје, обидувајќи се во алкохолизирна состојба да влезе на стадионот. Тој се обидел да спречи службено лице при извршување на неговите работни обврски. – Особено лицата вработени во […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2017 14:46
•
Posted by: MK News
Петгодишно девојче од Австралија паднало од третиот спрат на семејната куќа во Охрид, вчера околу 19 часот, соопшти полицијата. Тоа е пренесено во болницата „Св. Еразмо“, каде се констатирани тешки телесни повреди, односно е во животна опасност. Од страна на екипи од СВР Охрид излезено е на лице место и се преземаат мерки за расчистување […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2017 14:40
•
Posted by: MK News
Жозе Мурињо како роден победник не сака да губи, па затоа не изненадува неговиот потег сребрениот медал од Суперкупот во Скопје да не го задржи за себе. Имено, Португалецот веднаш по церемонијата се упати кон трибината на навивачите на „црвените ѓаволи“ и му го подари својот медал на едно од децата на трибините. „Јас не […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2017 13:26
•
Posted by: MK News
Едно лице е повредено во експлозија што синоќа се случи во стан во охридската населба Далјан. Експлозијата се случила околу 23 часот, во стан на прв кат на улицата „Сатеска“, кога дошло до силна детонација што предизвикала и материјална штета на објектот и на возилата паркирани во непосредна близина, како и вознемиреност кај жителите на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/08/2017 13:23
•
Posted by: MK News
Младото момче од Скопје, Мартин Силјановски, го доби најголемиот подарок на кој што можеше да се надева – дресот на Кристијано Роналдо.
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2017 23:37
•
Posted by: MK News
На крајот од мечот, да се случи еден помал инцидент, или пропуст на редарите, кои некако се опуштија по завршување на мечот, па еден од навивачите влезе на терен, со претходно напишан текст на грбот „Путин 7“.
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2017 23:34
•
Posted by: MK News
Реал Мадрид го освои трофејот на вечерашниот Суперкуп на УЕФА во Скопје во натпреварот против Манчестер Јунајтед Победата за Реал Мадрид ќе значи награда од 3 милиони евра, а поразот за Манчестер Јунајтед 2,2 милиони евра. Реал Мадрид поведе во 24-тата минута со голот на Карлос Касемиро, па со голот на Иско во 52-та минута […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2017 15:53
•
Posted by: MK News
Фотографијата направена за време на тренингот на Реал Мадрид на која е фатен моментот како Роналдо ги гледа познатите влечки од „Чик Куманово“ се еден од моментите кои го одбележаа вчерашниот ден. Вниманието на јавноста вчера го привлече и изјавата на Мурињо дека Горан Пандев е најдобриот македонски фудбалер во историјата и оти сака да […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2017 15:48
•
Posted by: MK News
Виртуелната валута биткоин достигна ново рекордно ниво од над 3.400 долари, по континуираниот раст изминативе два месеци. Како што јави Би-Би-Си, биткоинот достигна вредност од 3.451,86 долари според ценовниот индекс Коиндеск Биткоин. Со достигнувањето на ваквото ниво, вкупната пазарна вредност на сите биткоини надмина 56 милијарди долари. Растот на вредноста на биткоинот е резултат на […]
______________________________________________________________________________________________________