Archive by Author

Порошенко поради компликации поврзани со Ковид-19 примен во болница

Петро Порошенко, поранешниот украински претседател, член на парламентот на таа земја, е хоспитализиран затоа што има воспаление на двете белодробни крила откако се зарази со коронавирус, соопшти денеска неговата сопруга Марина Порошенко. Петро беше однесен во една од болниците во Киев. И покрај фактот дека мојот сопруг има воспаление на обете белодробни крила, тој покажува […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче потфрлија, на секој час имаме по 10 заразени од КОВИД-19

Македонија тоне во зараза од КОВИД-19. На секој час во последните 48 часа имаме по 10 заразени. Само вчера регистрирани се нови 243 случаи. Заев и Филипче велеа дека бројот на заразени нема да надмине 2.000, а сега тој е 18.602 и е речиси десеткратно повеќе отколку Заев и Филипче не уверуваа. Заев и Филипче […]

______________________________________________________________________________________________________

Приведен управителот на барот „Мош“, вчера инспекторатот спровел сто контроли

Денеска околу 00:30 часот од страна на полициски службеници приведено е лицето М.Д. (41) од Скопје, кое е задржано во ПС Центар. Лицето е приведено поради постоење основано сомнение дека, како одговорно лице, управител на ланч бар „Мош“ (улица „Дебарца“ во Скопје), сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија- казниво […]

______________________________________________________________________________________________________

Комисијата за заразни болести одлучи – 4 на маса во кафеана, нема пејачи и дискотеки

На маса во кафена максимум ќе седат четворца наместо досега дозволените 12. Во угостителските објекти се забранува гостување на пејачи и диџеи, одлучи денеска Комисијата за заразни болести чии предлози министерот Венко Филипче ќе ги одбразложува на вечерашната владина седница, јавува Сител. Од Комисијата се категорични дека никогаш не дозволиле работа на дискотеки и ноќни […]

______________________________________________________________________________________________________

Итен состанок поради порастот на бројот на заболени од ковид-19

Поради зголемениот број на заболени од ковид-19, се одржува итен состанок на Комисијата за заразни болести. Дали и какви мерки ќе бидат соопштени, министерот за здравство најави дека ќе информира по состанокот. Министерството за здравство соопшти дека во тек е консултација на министерот за здравство Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, каде […]

______________________________________________________________________________________________________

225 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, починати 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 […]

______________________________________________________________________________________________________

Бугарското Собрание изгласа: Кирилицата е бугарска азбука – Кирил и Методиј се Бугари

Бугарското Собрание со 73 гласа за, 4 против и 34 воздржани, денеска го усвои во прво читање, предлогот на коалицијата Обединети патриоти предводена од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, која е дел од Владата на Бојко Борисов, за преименување празникот 24 Мај од „Ден на бугарската просвета и култура и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Заострување на мерките за Ковид-19 во Париз- ќе се затворат рестораните и кафулињата

Француската Влада е подготвена да издаде максимално предупредување за Ковид-19 во Париз в понеделник, изјави министерот за здравство, Оливие Веран. Тој потег најверојатно ќе доведе до затворање на кафулиња и ресторани и до заострување на другите рестрикции на јавниот живот. Веран вчера на прес-конференција рече дека пошироката област на Париз сега ги исполнува сите три […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети на распит во ОЈО

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Ахмети треба да исказ во врска со предметот „Попис“, потврдуваат за МИА од ОЈО. Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција. Случајот се […]

______________________________________________________________________________________________________

Пановски: Тестот за коронавирус е безобрасно скап

Никола Пановски во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека мерките за време на изборите биле одеднаш олабавени. „Со изборите одеднаш се пуштија мерките. Требаше постепено. И после беше тешко да се вратат“, вели Пановски. Пановски смета дека карантините не само во Македонија, туку и во Светот биле престроги. „Цело време кажував луѓето да излегуваат надвор. […]

______________________________________________________________________________________________________

Трамп и Меланија позитивни на Ковид-19

Американскиот претседател објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин. Претходно соопшти дека неговата блиска соработничка, Хоуп Хикс (31) е позитивна на Ковид-19. Хикс е најблискиот соработник на Трамп кој е позитивен на Ковид, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина познатиот сликар Кирил Ефремов – од корона вирус

Почина познатиот ликовен уметник Кирил Ефремов, роден на 19 декември 1938 година во Штип. Битката со коронавирусот ја загуби синоќа на Инфективното одделение во Клиничка болница во Штип. Ефремов сликарство завршил во училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, во класата на познатиот сликар и педагог Лазар Личеноски. Завршил Академија за Ликовна уметност во […]

______________________________________________________________________________________________________

Отишол на хемодијализа – му вбризгале средство за дезинфекција и починал

Трагедија во болница во Хрватска. 62 годишен пациент почина за време на хемодијализа, бидејќи примил погрешно средство. Наместо физиолошки раствор, на пациентот во болницата во Чаковец му било инјектирано дезинфициенс. (средство за дезинфекција). Болницата првин објави дека е инјектирана погрешна супстанција, а подоцна управникот на болницата, д-р Томислав Новинчак, рече дека медицинскиот пепарат на пациентот […]

______________________________________________________________________________________________________

Наставната година ќе заврши на 10-ти јуни, смирува МОН

Децата ќе одат на училиште до 10-ти јуни. Иако поради пандемијата наставата почна еден месец подоцна, учениците нема да седат во улилиште клупи до 21 август, велат од министерстовто за образование и наука. Крајот на учебната година секогаш досега беше на 31-ви август и така ќе биде и овој пат. Додека, наставната година трае помал […]

______________________________________________________________________________________________________

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување за државјани на трети земји до 12 октомври. Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на Ковид-19 во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври. Одлуката предвидува привремено ограничување на влез во земјата за сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезната жена по која се трагало 2 години пронајдена жива во океан

Жена од Колумбија која две години се водела како исчезната, беше пронајдена жива на два километра од брегот на градот Пуерто Колумбија, во водите на Атлантскиот Океан. Анхелика Гаетан (46) случајно ја пронашол рибарски брод во саботата. Таа просто, лебдела во водата без пловило. Била истоштена, со хипотермија и не знаела каде се наоѓа. Полицијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Се чека реакција на српското и бугарското министерство за здравство за да се донесе одлука за границите

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден министрите за здравство на Албанија, Црна Гора и на Косово дале согласност дека може да се отворат границите. – Ја чекаме реакцијата на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија по што ќе донесеме одлука верувам на следниот состанок на Комисијата […]

______________________________________________________________________________________________________

194 нови случаи на Kовид-19 и двајца починати пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1