30/09/2020 17:56
•
Posted by: MK News
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата. Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2020 17:55
•
Posted by: MK News
Расправија на повисок тон е причината Дивна, Зорица и Силвана да ги соблечат скафандерите и да поднесат барање за отказ до директорката на Инфективна. Трите медицински сестри од денеска се на одмор по чие завршување ќе одлучат дали ќе ги заборават кавгите со дел од лекарите и ќе се вратат на клиниката. Нивните отказни барања […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2020 17:52
•
Posted by: MK News
Милионски суми отштета бараат прислушуваните кои обвинителството ги повика да сведочат во предметот Таргет-Тврдина. Соптвеничка на туристичка агенција бара 3 милиони евра. Поранешен разузнавач смета дека претрпел штета од еден милион евра. „Тоа е само директна материјална штета. За нематеријалната штета, за углед, за душевни болки на фамилии, тоа е дополнително“, изјави Слободан Богоески. Сведоците […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2020 17:50
•
Posted by: MK News
Регистрирано е новороденче позитивно на Ковид-19 на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Ниту новороденчето, ниту мајката немале симптоми. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја потврди информацијата, но посочи дека ќе биде направен уште еден тест за да се потврдат сомнежите. Истакна дека доколку и тој биде позитивен, ова би било прв случај на […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 18:16
•
Posted by: MK News
Јанкуловска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила. Јанкуловска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 18:15
•
Posted by: MK News
Јавното обвинителство денеска соопшти дека по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, издадена е наредба за спроведување на истражна постапка за овие десет лица, поради основано сомнение дека се соизвршители и сториле кривично дело „напад врз службено лице”. Осомничените во четвртокот околу 20 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот „Св Ѓорѓија” во […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 18:10
•
Posted by: MK News
На околу 1,1 милион жители на Мадрид и околината им е дозволено да ги напуштат своите домови само заради неопходни работи, како на пример одење на работа, откако денеска беа проширени мерките за контрола на коронавирусот. Досега, со мерките беа погодени 850 000 жители на југ и југоисток на градот, претежно населени со работници и […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 18:08
•
Posted by: MK News
Објавени се причините за падот на српскиот воен авион МиГ-21, што се урна во петокот во селото Брасина кај Мали Зворник. Загинаа двајцата пилоти, 49-годишниот Дејан Крсник и шест години помладиот Звонко Васиљевиќ. За нив, фатална беше малата височина, помеѓу 200 и 400 метри и ризичниот маневар со авионот. Пилотите ги испуштиле резервоарите за гориво […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 18:05
•
Posted by: MK News
Дозвола за настава со физичко присуство Министерството за образование и наука одобри за 223 основни училишта, од вкупно 325 што се пријавија. 196 од нив се периферни а 27 централни училишта. Дадена е дозвола за физичко присуство во училиште за деца со посебни потреби и делумно за основно музичко училиште. 14 средни училишта од вкупно […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 18:02
•
Posted by: MK News
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска попладнево е спроведена во затворот Идризово каде треба да ја отслужи затворската казна од 4 години за случајот „Тенк“, потврдија од МВР. Врховниот суд во минатата недела на Јанкулоска и ја потврди четиригодишната затворска казна за набавка на луксузниот мерцедес вреден 600.000 евра.По пресудата на Врховниот суд , […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 17:58
•
Posted by: MK News
31 мерка и вкупно 470 милиони евра за помош на бизнисот и граѓаните за излез од кризата. Владата го презентираше четвртиот пакет мерки, што за прв пат ќе чека зелено светло од Собранието. Овој пат, финансиската помош ќе се дели скалесто и ќе зависи од тоа колку се намалени приходите на фирмите, како дирекна последица […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 17:53
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 17:52
•
Posted by: MK News
Три деца и еден вработен се новите случаи со Ковид-19 во скопски градинки. Брат и сестра кои биле згрижени во воспитно образовната установа “Срничка” во Аеродром викендот имале позитивен тест на Корона вирусот. Останатите деца и вработените кои биле во контакт со нив се во изолација. Третото заболено дете посетувало градинка во Ѓорче Петров, информираат […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 17:50
•
Posted by: MK News
Заѕвони првото онлајн ѕвонче за дел од учениците кои се решија за онлајн настава. Часовите се одржаа на палтформата скулс.мк и траеја околу 10 минути. Интернет часовите беа пробни и не се сметаа за дел од официјалната настава која според владините најави треба да почне во четврток. Но, кратко откога завонија онлајн ѕвончињата платформата „падна“. […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 17:47
•
Posted by: MK News
Националната платформата за далечинско учење скулс мк е достапна за употреба. Училиштата веќе ги добиле корисничките имиња и лозинките за сите ученици и треба да ги достават до родителите за да може да ја тестираат платформата. Министерството за образование апелира тоа да се направи викендов пред почетокот на учебната година која треба да стартува за […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 17:45
•
Posted by: MK News
Црна Гора повторно воведува карантин. Во Никшиќ, Беране и Андријевица, од 28 септември до 12 октомври, забрането ќе биде напуштање на станбени згради од 22 до 5 часот наутро, а забранета е и работата на угостителските објекти, како и домашни посети. Со оглед на исклучително распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2020 19:12
•
Posted by: MK News
Секретарот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Фатон Клинаку, по денешниот упад на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС во просториите на организацијата, изјави дека ЕУЛЕКС при упадот не покажал никаков документ кој му дава за право да врши претрес. Таковото однесување, изјави Клинаку, наликува […]
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2020 19:09
•
Posted by: MK News
Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС упадна претпладнево во канцелариите на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во косовската престолнина. Агенцијата Косовапрес објави дека вооружени припадници на полицијата го обезбедуваат објектот во кој се сместени ветераните и вршат претрес во нивните канцеларии. Акцијата уследи по вчерашното апсење на […]
______________________________________________________________________________________________________