Archive by Author

Пронајдено безживотно тело на 45-годишниот гостиварчанец кој се обидувал да ја спаси 20-годишната девојка

Пронајдено телото на 45-годишниот гостиварчанец во близина на гостиварскотo сeлo Форино. Гостиварчанецот во обид да ја спаси девојката која ја затекнал во водите на р. Вардар, бил повлечен од брзаците на реката. Во потрагата беа вклучени 30 полицајци и негови роднини. Потрагата траела од синоќа.

______________________________________________________________________________________________________

Жестока дебата за новиот владин кабинет на Заев

33 милиони евра за оделенијата за интензивна нега во македонските болници за справување со корона вирусот. 20.000 минимална плата до крајот на мандатот, разрешени судии кои предметите ги доведувалле до застарени, отчетни министри и проверен капитал на државните функционери, 80% завршени преговори со ЕУ во првите 4 години. Ова се само дел од ветувањата коишто […]

______________________________________________________________________________________________________

Апасиев: Нека ми извини ЛГБТИ заедницата, педерски го сменивте името

Реплицирајќи му на Дамјан Манчевски во својот денешен говор Димитар Апасиев во својот денешен говор рече „Нека ми извини ЛГБТИ заедницата, педерски го сменивте името“. Тој веднаш беше прекорен од спикерот Талат Џафери, кој рече дека пратениците мораат да внимааваат на вокабуларот. Манчевски претходно во својот говор се осврна на референдумот за промена на името, […]

______________________________________________________________________________________________________

7 починати и 89 нови случаи на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-1, Струга-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од: Скопје-72, […]

______________________________________________________________________________________________________

Доставен составот и програмата на новата Влада, пратениците ќе ја избираат во сабота

Трансформација на економијата за забрзан раст и повисок стандард, вложување во јавното здравство, намалување на стапката на сиромаштијата под 16 проценти со посебен акцент на детската сиромаштија, воведување на комунална полиција под ингеренции на локалната власт која ќе има законски овластувања да обезбеди ред во општините и градот Скопје, се дел од приоритетите на Владата […]

______________________________________________________________________________________________________

Француската Влада ги зајакнува мерките за борба против Ковид-19

Француската Влада ќе донесе нови обврзувачки мерки за борба против Ковид-19, но е внимателна за да не ги паничи Французите. – Има чувство на загриженост, ние не сме тука за да ги исплашиме луѓето, но мора да ја споделиме реалноста. Во цела Европа има продолжување на епидемијата. Нема што да се паничиме, ние не се […]

______________________________________________________________________________________________________

Стојанче Стоилов позитивен на коронавирус

Во таборот на РК Вардар се појави првиот позитивен случај на Ковид-19. Станува збор за капитенот Стојанче Стоилов. Тој по вчерашниот тренинг се пожалил на омалаксаност, откако ситуацијата не се подобрила, веднаш направил тест, истиот покажал дека е позитивен. Целиот тим на Вардар веднаш направи тестови, до вечер ќе биде позната состојбата со останатите играчи.

______________________________________________________________________________________________________

БЕГ бара покачување на цената на парно греењето

Според информациите на Сител, од БЕГ бараат зголемување на цената. Причина за тоа се исклучените од парно, околу 10 илјади домаќинства кои од крајот на март лани не плаќаат паушал. Од Регулаторна пак тврдат дека се прават напори цената да остане иста. Новата цена ќе се знае до крајот на неделава. РКЕ се уште ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Владиниот кабинет утре влегува во собраниска процедура, со работа започнува од понеделник

Предлогот за новиот владин состав утре влегува во Собрание. Според информациите од ДУИ Ахмети успеал да ги разреши внатрепартиските несогласувања за предложените кадри, со што се отвора патот мандатарот Заев да го достави списокот на новите министри до законодавниот дом. Пратеникот Изет Меџити кои последните денови беше еден од најголемите противници на кадрите во новиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема кривична, но има етичка одговорност кај министерката Ангеловска

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) не утврдува кривична одговорност, но од етички аспект го покренува прашањето од високо ниво и ќе препорача да се доуредат прописите, особено меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Министерството за финансиии и остантите регулаторни тела, со тоа што ќе се додадат уредби со кои ќе се регулира […]

______________________________________________________________________________________________________

Финска ги суспендира летовите од Скопје до 29 август

Финска ги суспендира летовите од Македонија до 29 август поради зголемениот број заразени патници со Ковид-19 кои доаѓаат од земјата во последниот период. Финскиот министер за транспорт и врски Тимо Харака, изјави дека одлуката е донесена од Агенција за транспорт и врски Трафиком, а врз основа на анализата на Националниот институт за здравство. Суспензијата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје одлучи – вонредно прскање против комарци во вторник или најдоцна во среда

По бројните реакции од граѓаните, Град Скопје одлучи да направи вонредно прскање против комарци во вторник или најдоцна во среда. Граѓаните се загрижени поради нивното касање, што ги принудуваат во аптеките да бараат спас преку разни спрејови или креми за заштита од инфекција. Жителите на Скопје се сомневаат во квалитетот на хемискиот состав што се […]

______________________________________________________________________________________________________

Иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ бара Мицкоски уште утре да закаже конгрес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште утре да свика и закаже вонреден конгрес на кој ќе се гласа за негова доверба и преку кој ќе се консолидира партијата, повикаа и денеска од Инцијативниот одбор за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Од одборот посочија дека имаат се поголема поддршка од делегати на конгресот но потврдија и дека еден […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема Богородица (петок), неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во државава. Од Министерството за труд и социјална политика им го честитаат празникот Успение на Пресвета Богородица […]

______________________________________________________________________________________________________

Банките предвреме ќе ја исплатат августовската пензија, пензиите достапни од 26 август

Банките и овој месец предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии, информираат од Македонската банкарска асоцијација. Сите пензионери кои поседуваат дебитни картички, во среда, 26 август 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија, а готовинската исплата ќе се спроведе во групи на 26, 27и 31 август и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Поднесено обвинение за предметот „Моќник”

Скопското обвинителство до Кривичниот суд Скопје, поднесе обвинение за предметот „Моќник” кој претходно беше во обработен од страна на поранешното СЈО. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица и Обвинителен предлог против 10 лица кои биле инволвирани во продажбата на објект во […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична за организаторот на концертот на Петар Грашо

Организаторот на концертот во Хераклеја кој се одржа на 20 август ќе добие кривична пријава, изјави денеска за Сител директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Тој истакна дека инспекторите биле присутни до самиот крај на концертот, направиле записник и било утврдено дека не се почитуваат мерките. Како што вели Пауновски, Државниот пазарен инспекторат е […]

______________________________________________________________________________________________________

78 нови случаи на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3, Неготино-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-13, Прилеп-1, Велес-2, Гостивар-9, Кочани-2, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1