30/07/2020 14:37
•
Posted by: MK News
Спикерот Џафери ја закажа првата конститутивна седница на Собранието за во вторник точно на пладне. Од собранието информираат дека ќе бидат запазени сите протоколи, седницата ќе се одржи во Големата купола каде има место за 600 лица, а на сите пратеници, гости и медиумски работници на самиот влез на Собранието ќе им се мери телесна […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2020 14:30
•
Posted by: MK News
Спречен е увоз на 63 тони пилешко месо од Полска за да не се внесе вирусот на високо патогена инфлуенца во земјава. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, се работи за три пратки механички обескостено пилешко месо (МОМ) кои требале да се „протнат“ преку граничниот премин Табановце. Увозот е спречен, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2020 22:09
•
Posted by: MK News
Самохрана мајка на четири малолетни деца доби куќа во Кичево, благодарение на анонимен донатор. Куќата има површина од 65 квадратни метри и дворно место од 200 квадратни метри. Хуманитарната организација „Класје на добрината“, огранок во Кичево, информира дека се работи за семејство во неволја, кое било без сопствена куќа. Идентитетот не сакаа да го објават […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2020 22:08
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-11, Штип-13, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2020 22:05
•
Posted by: MK News
Финансиската полиција поднесе кривични пријави против 11 физички и 14 правни лица, поврзани со проневера на 2.4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Како главни осомничени за овој криминал во ФФМ се наведуваат поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски, поранешната сметководителка на федерацијата Олгица Младеноска, и уште девет други физички и единаесет правни лица, за […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2020 22:04
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство за организиран криминал по допрен глас денеска влезе во Државната изборна комисија (ДИК), за да утврди дали има кривично дело при спроведување на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција, потврдија за МИА од обвинителство. Оттаму не потенцираа дали обвинителите се уште се присутни во ДИК, но посочија само дека при […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2020 22:03
•
Posted by: MK News
Петре Шилегов со еден потпис одлучи да ја урне Универзална сала. Најнеспособниот градоначалник на Скопје ќе ја урива салата која буди спомени на илјадници скопјани. На само неколку дена по годишнината од скопскиот земјотрес, Шилегов приреди нов земјотрес. Шилегов и СДСМ, кои три години ги лажат скопјани дека ќе го враќале духот на вистинското Скопје, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2020 22:01
•
Posted by: MK News
Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, a во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. Како што информира УХМР, во петок и особено во сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2020 22:00
•
Posted by: MK News
Работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга…, ја зеле фиансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените, но не ја исплатиле на работниците. Ова го покажа анализата на Управата за јавни приходи, институција преку која се спроведуваше оваа мерка за поддршка од последиците од корона-кризата, а со цел да се задржат работните места. Директорката […]
______________________________________________________________________________________________________
27/07/2020 14:57
•
Posted by: MK News
Љубителите на филмот во поранешна Југославија ги израдува веста дека ќе се снима продолжение на „Жикина Династија“. Освен починатите Драгомир Бојаниќ Гидра и Марко Тодоровиќ ќе настапи комплетната актерска екипа. Па така во новиот серијал ќе бидат Никола Која како Миша, Весна Чипчиќ како Елза, Владо Петровиќ како Боба и Риалда Кадриќ како Марија. Риалда […]
______________________________________________________________________________________________________
27/07/2020 14:54
•
Posted by: MK News
Професорот Ратко Ѓукановиќ (65), еден од најдобрите светски експерти за астма и хронична опструктивна белодробна болест, заедно со двајца негови колеги од Универзитетот во Саутемптон, дојде до големо откритие во лекувањето на пациенти заразени со коронавирус. Српскиот стручњак и професорите Стефан Хојгејт и Дона Дејвис откриле пред 20 години дека протеинот интерферон бета кој помага […]
______________________________________________________________________________________________________
27/07/2020 14:49
•
Posted by: MK News
Исплатата на пензии за јули почнува од утре, информираат од Министерството за труд и социјална политика, од каде додаваат и дека со предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира последниве четири месеци, се овозможува поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. -Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките […]
______________________________________________________________________________________________________
27/07/2020 14:47
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-6, Штип-29, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-2, Кавадарци-10, Гостивар-13, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2, Свети Николе-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје-108, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-11, Велес-1, Битола-3, Гостивар-2, Кочани-2, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2020 13:38
•
Posted by: MK News
На 26 јули 1963 година во 5.17 часот Скопје бил погоден од разорен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, кој траел 20 секунди. По неколку минути се случил и вториот силен потрес. Според очевидците, токму овој втор потрес е виновен за големиот број жртви. Многу луѓе останале заробени во објектите по првиот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2020 13:28
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија вчера ги соопшти официјалните и конечните резултати од парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Според резултатите, Коалицијата „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Левица 2 и ДПА 1 мандат. Веднаш по нивно објавување, се одржа и свечена седница за доделување на уверенијата на новите пратеници. Според конечните резултати […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2020 13:26
•
Posted by: MK News
Со свежи цвеќе на градските гробишта во Бутел претставници на Владата, Собранието и Град Скопје оддадоа почит на жртвите од земјотресот кој на денешен ден пред 57 години го погоди Скопје. Скопје – 26 јули 1963i година – топло јулското утро меѓу 35 и 40 степени – 5 часот и 17 минути, тресење и татнеж. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2020 09:34
•
Posted by: MK News
ЕВН Македонија ја најавува новата програма за стипендии „ЛОСТ“ за која ќе можат да конкурираат студентки и студенти со ниски семејни месечни примања запишани на електро-енергетските насоки на некој од електротехничките факултети во земјава. За поддршка на 10 студентки и студенти, кои потекнуваат од семејства со вкупни месечни примања пониски од две минимални плати, во […]
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2020 17:49
•
Posted by: MK News
Талат Џафери, претседателот на Собранието, денеска е примен на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Скопје „Мајка Тереза“, јавува „360 степени“. Информацијата за „360 степени“ ја потврдиле и од неговата матична партија, ДУИ. На тестирањето е негативен, велат од ДУИ. И од неофицијални извори, „360 степени“ дознава дека Талат Џафери бил негативен на тестот […]
______________________________________________________________________________________________________