14/08/2020 15:59
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2020 15:57
•
Posted by: MK News
Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија. – Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре – објави Мугоса, пренесува „ЦДМ“, додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2020 15:54
•
Posted by: MK News
По заклучокот од седницата на Владата во вторникот Планот на МОН за учебната 2020/2021 да биде споделен со Комисијата за заразни болести и таа да го даде мислењето за моделот на настава, Комисијата вчера на состанок донесе конечен предлог кој сега ќе треба да биде разгледан од Владата и таа да ја донесе одлуката како […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2020 15:48
•
Posted by: MK News
Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила сопственост на електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија. -Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2020 22:56
•
Posted by: MK News
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ги замрзна односите со кабинетот на претседателот на државата. Револтот на Мицкоски следи по средбата во Вила Водно, каде Пендаровски му го врачи мандатот на првиот човек на СДСМ Зоран Заев за состав на новата влада. За Мицкоски ваквиот потег на Пендаровски е против уставен, бидејќи Заев не успеал да […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2020 14:13
•
Posted by: MK News
Шефот на државата Стево Пендаровски денеска напладне му го врачи мандатот за составување на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во своето обраќање по тој повод Заев најави дека во наредниот уставен рок од 20 дена ќе предложи квалитетни кадри за владиниот кабинет и квалитетна владнина програма којашто ќе донесе подобар живот на граѓаните […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2020 12:11
•
Posted by: MK News
Стопиран платниот промет во земјата и во странство преку Македонска пошта. Директорот Рустеми вели дека од утринава граѓаните и правните лица кои сакаат на вршат уплати преку Пошта, не можат да го сторат тоа, затоа што имаат склучено договор со Еуростандард банка. Со пропаѓањето на Еуростандард, се додека не се склучи договор со друга банка, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2020 12:08
•
Posted by: MK News
За време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 10 литри за 3 часа), засилен ветер и појава на град. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2020 11:58
•
Posted by: MK News
Поради дезинформации поврзани со новиот коронавирус во светот починаа најмалку 800 луѓе, се наведува во студијата објавена во Американското списание за тропска медицина и хигиена. Голем број од жртвите починале поради тоа што пиеле метанол или средства за чистење на база на алкохол верувајќи дека тоа е лек за Ковид-19. Научници наведуваат и дека околу […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2020 11:55
•
Posted by: MK News
Оддржувањето на денешната седница на Собранието што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери е откажана. Талат Џафери, поради објективни семејни причини денеска нема да го закаже продолжението на седницата. Тој синоќа на неговиот фејсбук профил објави дека добил внук од ќерка. – Благословени и пресреќни сме по вестта дека ќерката Бесиана […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2020 11:52
•
Posted by: MK News
Настава со физичко присуство за учениците до трето одделение, останатите ќе учат од дома. Ова, според инфорамциите на Сител е предлогот на Комисијата за заразни болести кој произлегол од утринскиот состанок. Дали ќе биде прифатен во целост или ќе има измени треба да одлучи Владата на седница. Но пред тоа, во моментот се уште заседава […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2020 10:16
•
Posted by: MK News
Депозитите на граѓаните во „Еуростандард банка“ АД Скопје кои согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити се осигурени ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување на депозити (ФОД), во износ до 30.000 евра по лице. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4% од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2020 09:12
•
Posted by: MK News
Еуростандард банката престанува со работа. Народната банка им ја одзеде дозволата, затоа што не ги исполниле минималните законски услови. Утре до надлежниот суд ќе побараат отворање на стечајна постапка. Според гувернерката Бежовска, граѓаните кои имаат заштеди до 30 илјади евра, не треба да стравуваат – депозитите ќе ги добијат во целост. Останатите кои имаат над […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2020 18:57
•
Posted by: MK News
Во текот на оваа недела најавено е воведување на задолжителен ПЦР-тест и 14-дневен карантин во Србија за странците кои доаѓаат од одредени земји, пишуваат медиумите. Кризниот штаб за борба против коронавирусот тврди за порталот „Телеграф“ дека списокот на земји за кои ќе се воведе карантин сè уште не е составен. „Неопходно е да се разгледа […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2020 18:54
•
Posted by: MK News
Денес повторно на Комисијата за заразни болести во присуство на претставници на Министерството за образование и наука беа разгледани и се дискутираше за Планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година подготвен од МОН, од аспект на безбедност на сите чинители во наставниот процес – учениците, наставниците, помошниот персонал, како и од […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2020 18:50
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2020 18:47
•
Posted by: MK News
Лидерот на СДСМ Зоран Заев станува мандатар за составување на влада. Претседателот Стево Пендаровски најави дека утре на пладне ќе му го довери мандатот на претседателот на СДСМ. „Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2020 18:44
•
Posted by: MK News
Носењето заштитна маска за лиде од денеска е задолжително во Брисел, пренесуваат белгиските медиуми, кои посочуваат дека мерката е донесена поради зголемениот број на заразени со коронавирус. Во текот на минатата недела во белгиската престолнина во просек дневно беа регистрирани по 50 новозаразени на 100.000 жители, што ја принуди градската власт да наложи носење маска […]
______________________________________________________________________________________________________