12/08/2020 18:43
•
Posted by: MK News
Вработен од Специјалниот завод во Демир Капија вчера е уапсен, откако бил фатен на дело како допира и бакнува девојка згрижена во домот, соопшти СВР Велес. Во Заводот во Демир Капија се згрижени лица со интелектуална или друг вид попреченост. „На 10 август, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа […]
______________________________________________________________________________________________________
12/08/2020 18:41
•
Posted by: MK News
Народната банка им ја одзеде дозволата, затоа што не ги исполниле минималните законски услови. Утре до надлежниот суд ќе побараат отворање на стечајна постапка. Според гувернерката Бежовска, граѓаните кои имаат заштеди до 30 илјади евра, не треба да стравуваат – депозитите ќе ги добијат во целост. Останатите кои имаат над оваа сума – парите ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2020 17:51
•
Posted by: MK News
Грција останува затворена за македонските туристи и по 15 август, велат од грчката амбасада во земјава. Информациите дека по 17 овој месец ќе се отворат граничните премини за нашите државјани со негативен ПСР тест се неточни. Оваа одредба ќе важи за грчките граѓани или оние кои имаат дозоволи за постојан престој во Грција, соопштија на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2020 17:47
•
Posted by: MK News
Од 52 нови заразени со коронавирус во Скопје изминатите два дена, 15 пријавиле дека биле во Охрид, но велат дека не знаат каде се заразиле. Александар Стојанов, в.д. директор на Центар за јавно здравје Скопје, за сдк.мк вели дека тоа се главно млади, на возраст од околу 20-тина години, но меѓу нив има и средношколци. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2020 17:45
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денес изјави дека на состанокот на Комисијата за заразни болести беа разгледани протоколите за работа на училиштата, а за утре е закажан состанок на кој ќе присуствуваат претставници на Министерството за труд и социјална политика и ќе бидат разгледани протоколите за работа на градинките. „Став на комисијата за […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2020 17:44
•
Posted by: MK News
Најголем дел од патниците кои викендов од Скопје со авион слетаа во финскиот град Турку, биле косовски државјани. Со косовски пасош патувале 95, со фински 60 лица, а со македонски докименти биле само две лица. Од Министерството за здравство велат дека за овие 157 патници, од кои 24 биле позитивни на Ковид 19, не важеле […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2020 17:42
•
Posted by: MK News
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирусот. – Утрово за првпат во светот е регистрирана вакцина против коронавирусот, рече Путин на средбата со членовите на Владата. Рускиот претседател изрази надеж дека со време ќе се појават повеќе вакцини против коронавирусот. Луѓето кои ќе ја примат новата руска вакцина […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2020 17:38
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: […]
______________________________________________________________________________________________________
11/08/2020 17:37
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска. Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Повеќето од 157-те патници кои со авион од […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2020 14:05
•
Posted by: MK News
Во Париз од денеска стапи на сила одлуката за задолжително носење маски на бреговите на реките и каналите, како и на некои феквентни улици. Париз е уште еден во низата француски градови што воведоа задолжително носење маски на отворено во некои области. Маските се задолжителни низ целата земја во повеќето затворени места достапни за јавност. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2020 14:02
•
Posted by: MK News
Педесет и четиригодишниот Иван Огњановски на кого на 23 мај на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија му беше трансплантирано срце денеска беше на контролен преглед во таа јавна здравствена установа. – Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2020 13:57
•
Posted by: MK News
Лекарите и медицинските лица секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита. Не е тешко и нема оправдување за тие кои не носат маска, кои не ги почитуваат мерките. „Носам заштитна маска затоа што водам грижа за моите најблиски – […]
______________________________________________________________________________________________________
10/08/2020 13:55
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги кани на состанок лидерите Африм Гаши – Алтернатива, Билал Касами – Беса, Зијадин Села – АА, Мендух Тачи – ДПА во четврток во скопскиот хотел Парк. Како што се наведува во соопштението на ДУИ, поводот се одржаните парламентарни избори. Состанокот симболично ќе се одржи на годишнината од Рамковниот договор. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2020 18:16
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, информирани сме дека за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2020 18:14
•
Posted by: MK News
Независниот синдикат на полицијата жестоко реагира откако вчера МВР поднесе кривична пријава против 6 полициски службеници за наводно „малтретирање при вршење на служба“. Според синдикатот, полициските службеници дејствувале откако на еден од нив, на влезот во Кондово му бил вперен пиштол во главата со барање да го предаде оружјето. „ Имено, сакаме да потенцираме дека […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2020 18:12
•
Posted by: MK News
Нови 10 пациенти со Ковид-19 се дијагностицирани во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, потврди за МИА министерот за здравство Венко Филипче. – Тоа се асимптоматски случаи кои се откриени со тестирање и ќе бидат сместени во изолиран дел и за нив ќе се грижи кадар од болницата, рече Филипче. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2020 17:49
•
Posted by: MK News
Катастрофалната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут, во која што загинаа најмалку 135 лица, ќе ја чини државата најмалку 15 милијарди долари. Во експлозијата починале најмалку 135 лица , околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе се раселени од нивните домови.Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2020 17:43
•
Posted by: MK News
Во врска со дезинформациите кои деновиве се шират по социјалинте мрежи заопасноста од цистерната во која што е складиран отпаден винил хлорид мономер во кругот на поранешната фабрика ОХИС, Министерството за животна средина и простоено планирање ја информира јавноста дека таквите информации се сосема неточни. Имено на 29.07.2020г. Држаниот инспекторат за животна средина објави целосен […]
______________________________________________________________________________________________________