06/08/2020 17:40
•
Posted by: MK News
22 годишен пациент од Скопје е меѓу 6 –мината починати од компликации од Ковид-19 изминатото деноноќие во Македонија. Тој е најмладиот кој ја загуби битката со вирусот. Како што иформираше министерството за здравство пациентот имал Даунов синдром и во тешка состојба бил примен во ГОБ 8 септември каде го лекувале 3 недели. Останатите двајца починати […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 21:37
•
Posted by: MK News
Сопругата и ќерката на либанскиот премиер Хасан Диаба повредени се во силната експлозија која денеска го потресе подрачјето недалеку од пристаништето на Бејрут, јавија арапските медиуми. https://www.facebook.com/vanessa.beeley/videos/10160795691528868/ Арапската телевизиска станица „Ал Арабија“ наведува дека повредени се и неколку советници на премиерот Диаба. Од експлозијата оштетена е и официјалната резиденција на претседателот на Либан, палатата Бабда. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 21:13
•
Posted by: MK News
Најмалку 10 луѓе загинаа, а голем број се повредени во експлозијата што денеска се случи во Бејрут. Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад. Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:24
•
Posted by: MK News
Хрватскиот музичар и композитор Рајко Дујмиќ почина денеска на 66-годишна возраст како последица од повредите здобиени во сообраќајна несреќа.По неколку дена поминати во кома, откако доживеа тешка сообраќајна несреќа, на клиника во Сушак, Хрватска, почина музичарот, композитор и лидер на групата Нови Фосили, Рајко Дујмиќ. Дујмиќ минатата среда имаше сообраќајна несреќа, кога кај местото Рамна […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:19
•
Posted by: MK News
Очекувам за 10 до 15 дена да формираме Влада со цврсто мнозинство, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за медиумите по конституирањето на Парламентот. Сега и официјално почнуваат сериозните разговори за формирање на Влада, вели Заев, а принципите зад кои ќе стои СДСМ ќе бидат ставени на економијата, сузбивање на криминалот и евроинтеграцијата. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:18
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:16
•
Posted by: MK News
Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. Јагода Шахпаска, претседателката на Верификациската комисија, што денеска ја избра Собранието на првата конститутивна седница, рече дека Комисијата констатира оти нема основ за оспорување на изборoт […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:15
•
Posted by: MK News
Пронајдено е телото на 16-годишното момче од Ресен на третиот ден од исчезнувањето во водите на Преспанското Езеро. Денеска нешто пред 14 часот, тимот од осум нуркачи дел од специјалната единица на МВР кои од утрово започнаа со пребарување на теренот, го лоцираа неговото тело. Од МВР и официјално ја потврдија информацијата. Оттаму велат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2020 17:14
•
Posted by: MK News
Попладнево силно невреме со дожд и град го зафати Скопје. Град со големина на орев и лешник паѓаше 10-тина минути во неколку скопски населби меѓу кои и Стар Аеродром. УХМР предупредува и дека од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2020 18:00
•
Posted by: MK News
Полицијата се уште трага по изчезнатото момче кое вчера попладне изчезна во водите на Преспанското езеро при превртување на педалинка на која што се наоѓале 3 лица. Двајца од нив допливале на брегот, а едно момче е исчезнало. Случајот веднаш бил пријавен во полиција од Итната медицинска помош вчера околу 18 часот. Нуркачите, за Телма […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2020 17:52
•
Posted by: MK News
Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Крвна плазма, посочува, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус. -Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2020 17:50
•
Posted by: MK News
Пазарната инспекција минатата недела поднела три кривични пријави поради измами со ваучерите за туризам. Станува збор за три објекти, две во Охрид – Градиште 1 и Градиште 2, и еден во Струга, но има неколку сомнителни случаи кои дополнително ќе се проверуваат. Од Пазарниот инспекторат најавуваат засилување на инспециските надзори во текот на оваа недела. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2020 17:48
•
Posted by: MK News
Досегашниот спикер Талат Џафери ќе претседава со конститутивната седница на собранието. Денеска заврши неговото болничко лекување. „Собранискиот спикер во заминување Талат Џафери денеска точно напладне ја напушти инфективната клиника. Овде беше хоспитализиран поради пневмонија на 24-ти минатиот месец. Неговите тестови за коронавирус биле негативни“ Конститутивната седница на новиот парламентатен состав е закажана за утре во […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2020 18:26
•
Posted by: MK News
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок даде препрака да почнат да работат градинките во земјава. За „Фактор“ откриваат дека дозволата се однесува и за државните и за приватните установи кои згружуваат деца од претшколска возраст. Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2020 18:24
•
Posted by: MK News
СДСМ смета дека и со корекцијата на цената, Македонија и натаму има една од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа. „Пандемијата со коронавирусот што ја зафати нашата земја но и целиот свет го погоди и енергетскиот сектор на глобално ниво. Потрошувачката на струја драстично се намали. Од друга страна, во овој […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2020 18:22
•
Posted by: MK News
Не ветија, ама остварија повисока цена на струјата, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денеска Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата за 7,42 отсто, додека граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега.
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2020 18:20
•
Posted by: MK News
До 14 август 2020 година, во Грција е забранет влез за државјани на трети земји, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, што веќе е објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила. Мерката предвидува „привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2020 18:18
•
Posted by: MK News
Евтината тарифа останува, но за 7, 4 проценти се зголемува цената на струјата. Месечната просечна сметка од 1.500 денари ќе се зголеми за околу 100 денари. Евтината тарифа пак домаќинствата ќе можат да ја користат во истите термини како и до сега. Од РКЕ велат дека поскапувањето на струјата се должи на кризата со вирусот […]
______________________________________________________________________________________________________