Авганистанки со помош на мобилен учат да читаат и пишуваат


Авганистан покрена нова програма за едукација, која им овозможува на Авганистанките, кои не завршиле основно образование, да научат да читаат и пишуваат со мобилен телефон.


Телефонот наречен „Устад Мобил“ или мобилен наставник овозможува учење на двата национални јазици Дари и Пашто, како и математика.
Сите лекции се изработени во аудио и видеоформат, кои на студентите им се делат бесплатно.
Иако на училиште сега се запишува милиони Авганистанки, стапката на писменост меѓу жените изнесува само 12,5. Во моментот мобилните наставници ги користат околу сто ученици, а меѓу нив 65 се жени. Проектот наскоро би требало да се прошири во целата земја

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1