Вистински вампири постојат – тоа е болест! ВИДЕО


Вампирите не постојат само во легендите и филмовите, во светот постојат  вистински вампири.

 

Во светот е регистрирана болест која е наречена – Ренфилдов синдром која уште се нарекува и клинички вампиризам,. Тоа е пореметување кое ги тера луѓето да цицаат крв. Болеста се поврзува и со психолошко и сексуално пореметување. Односно овие пациенти чувствуваат сексуално задоволство дури кога ќе испијат крв и веруваат дека таа им дава мистична моќ.

Од него обично патат мажи. Еден од примерите е Австралијанец кој ја силувал жената и го изгризал јазикот. Тој на судењето тврдел дека мора да пие крв за да преживее. Помалку за верување, односно лекарите повеќе го сврстија во психолошки проблем слчајот на еден маж во Тексас. Тој провалил и жена гризнал за вратот, а подоцна тврдел дека е вампир стар 500 години.

Клиничкиот вампиризам има три фази. Автовампиризам, заболени кои си ја цицаат сопствената крв, намерно се самоповредува за да крвари. Но лекарите велат оваа фаза со тек на време престанува да го задоволува пациентот, па тој преминува на животни, а неретко и на луѓе.

Овие лица имаат идруги заболувања предизивикани од пиењето крв. Патат од срцеви заболувања, откажување на црниот дроб, поради големото количество на железо во крвта.

RENFIELD’S SYNDROME ~ A Film by Perpombellar Productions from Jody Schiesser on Vimeo.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1