Кичевчани освоија прво место на Samsung натпревар


Македонскиот стартап G6 Solutions победиле на Samsung Smart App Challenge 2012 во организација на Samsung Electronics Ltd.

Од Мај до Октомври 2012, развивачите на Андроид апликации од цел свет се натпреварувале за буџет вреден 4.080.000 долари, а апликацијата на кичевчаните насловена Crack Your Screen успеа да се избори за првото место, со што покрај паричната наградата доби голем број на маркетинг бенифити од страна на Samsung, пишува порталот Кичево.мк.

Натпреварот беше наменет за сите Samsung Android паметни таблет/фаблет уреди и поделен во 3 категории: најдобра игра, најдобра апликација и најдобра S Pen апликација.

На натреварот конкурирале повеќе од 1200 апликации до Август – бројката на апликанти до крајот на натпреварот не е сеуште јавно објавена.

Crack Your Screen е мобилна андроид апликација од забавен карактер и покрај достапноста на Samsung маркетот, истата е достапна и на официјалниот Google Play Store и според статистиката објавена од G6 Solutions, истата само на Google Play Store бележи повеќе од 7.5 милиони симнувања односно апликацијата е инсталирана на повеќе од 10 милиони Андроид уреди на сите маркети во последните 12 месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1