Најмалку седум лица загинаа кога товарен авион ја промаши пистата во централниот дел на Демократска Република Конго и удри во неколку куќи.
Според локалните медиуми, авионот слетувал по лошо време и се приземјил на средината на пистата, па не успеал да запре до нејзиниот крај.
Претставник на локалните власти изјави дека авионот претходно неколку пати безуспешно се обидувал да слета.
Владата на ДР Конго соопшти дека четворицата членови на екипажот на авионот не се повредени.