Авион ја промаши пистата и усмрти седум луѓе


Најмалку седум лица загинаа кога товарен авион ја промаши пистата во централниот дел на Демократска Република Конго и удри во неколку куќи.avion1-630x431

Според локалните медиуми, авионот слетувал по лошо време и се приземјил на средината на пистата, па не успеал да запре до нејзиниот крај.

Претставник на локалните власти изјави дека авионот претходно неколку пати безуспешно се обидувал да слета.

Владата на ДР Конго соопшти дека четворицата членови на екипажот на авионот не се повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1