Девојка испила солна киселина, па скокнала од петтиот кат


Девојка со иницијали А.Х. (25) извршила самоубиство, скокајќи од последниот кат на снабена зграда во Калесија. Таа не живеела во зградата од која скокнала, а немилиот настан се случил вчера околу 13:00 часот.dsrhydsrh-29611
Во станот пронајдени се стол, со кој девојката се качила на прозорецот и едно шише солна киселина.Според неофицијални информации, 25-годишната девојка најпрво ја испила солната киселина, а веднаш потоа скокнала.
Очевидци изјавиле дека по скокот девојката се уште била жива.
– Кога излегов од зградата, видов женско тело на бетонот.Таа особа беше се уште жива, плачеше и се жалеше. Насекаде имаше крв, ние ја прскавме со вода. Немавме телефон, па првиот минувач повика Брза помош, а потоа и полиција. Кога ја внесоа во возилото на Брзата помош, се уште беше жива, – изјавил сведок на настанот.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1