За време на полетувањето на авинот Боинг, кој летал од Барселона до Екатеринбург, се запалил еден од моторите. Екипажот донел решение авионот веднаш да се врати од аеродромот каде што полетал, пренесува „Газета.ру“.
Пред да слета, авионот еден час кружел над морето со цел да го истроши горивото.
Како што пренесуваат претставниците на компанијата „Трансаеро“, на која припаѓа авионот, моторот ќе биде испратен на експертиза во General Electric.