Авионот „Ербас А300“, летал од Гана до Дубаи, но имал проблеми со горивото и привремено слетал на аеродромот „Ататурк“.
Турските власти утврдиле дека авионот на турската компанија ULS превезувал 1,5 тон златни прачки, а немал уредна документација. Авионот е веднаш приземјен, а товарот запечатен.
Се претпоставува дека златните прачки, Гана му ги праќа на Иран, кој е под меѓународни санкции поради нуклеарната програма, и дека авионот затоа летал преку Дубаи.
Бројни полициски единици се рапоредени околу авионот, бидејќи властите стравуваат дека можно е да има обид за кражба или за полетување на авионот.