Авион принудно слета во Рим, тројца повредени


Авион на авиокомпанијата „Виз ер“, кој летал од Букурешт за Рим, извршил принудно слетување на меѓународниот аеродром во близина на Рим, поради проблем со тркалата.

viz airТри лица беа повредени. Во авионот се наоѓале 165 патници.

При подготовката за слетување на леталото, предвидено на помалиот аеродром Чемпино, едното тркало не се спуштило и пилотот побарал слетување на меѓународниот аеродром во Фиумичино, каде што пистата е подолга.

Авионот се приземјил само со едно спуштено тркало и со еден исправен мотор. Откако леталото запрело на пистата, се навалило на едната страна. На местото пристигнале  полиција, противпожарни служби и карабињери.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1