Авион заборавил патници на пистата – си полетал без нив


Дванаесет патници кои требало да полетаат со авион на германската компанија „Џерманвингс“ од Келн за Цирих, останале заборавени во автобус на пистата на келнскиот аеродромот

1163518706_D-AKNL_Airbus-A319-112_GermanwingsКако што објави денеска весникот „Келнер Шатнданцајгер“, авионската компанија „Џерманвингс“ признала дека се „случила грешка“ и дека патниците наместо во авионот завршиле во автобус.

Кусо пред планираното полетување компанијата ги информирала патниците дека авионот е во дефект и дека мора да излезат од него и да чекаат да дојде друго летало. Кога стигнал новиот авион поголемиот дел од патниците се сместиле во него, но 12-мината останале заборавени во автобус на пистата.

Некои патниците во автобусот кога го здогледале авионот на „Џерманвингс“ како полетува почнале да се шегуваат дека можеби тоа е нивното летало, воопшто не ни претпоставувајќи дека се во право.

– Можеме само да им се извиниме на сите, изјави портпаролот на авиокомпанијата Хајнц-Јоаким Шетес. – Станува збор за сплет на несреќни случаи, дополни тој.

Патниците стигнале во Цирих вчера, каде ги чекал нивниот багаж, кој во швајцарскиот град пристигнал во понеделникот со авионот што ги заборавил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1