Ќе здивнат семејствата: Извршител запленил станови за кои луѓето си платиле – доби кривична


Извршителот кој неодамна во Охрид наплати долг од 7 милиони денари со станови кои уредно се платени, доби кривична пријава од локалната полиција, информираше МВР. СВР-Охрид од вчера 58-годишниот Д.Ф. го терети за злоупотреба на службена положба и овластување”.

ohrid stanКако извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, искористувајќи ја својата положба, извршил пречекорување на границите на своето службено овластување и спротивно на донесено решение од Основниот суд во Охрид, бесправно презел извршни дејствија за насилно отворање на врата, влегување, прибирање на податоци за проценка и заменување на оштетена брава со нова, во стан во населбата Расадник. Тоа го направил постапувајќи по предмет по барање од доверителот АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија против должникот АДГ Трудбеник”.

Такви извршни дејствија, пријавениот извршител планирал да преземе и во три други станови во зграда 1 во населбата Расадник иако уредно бил запознаен дека за сите четири станови, Основниот суд во Охрид донел решение за времена мерка на доверителот АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија, за забрана на преземање на натамошни дејствија за процена, отуѓување и продажба на четирите стана.
Семејството Цветаноски од Охрид веќе скоро месец не можеше да влезе во својот стан откако Д.Ф им го запленил станот кој пред неколку години уредно го платиле.

– Останавме на улица како криминалци, а никому не должиме ни денар. Животот ни се претвори во пекол за нешто за што не сме виновни, вели сопругот Руме кој поради долгот од 7 милиони денари на АДГ Трудбеник” кон Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, заедно со уште 4 семејства, преживува вистинска голгота.

– Имаме купено од АДГ-Трудбеник стан пред четири години. Платени се сите давачки кон државата. АД-Трудбеник води спор со јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Извршителот Душан Филиповиќ ни го оби станот и ја смени бравата, иако постои судско решение за забрана, да не се преземаат никакви дејства кон нас. Нерешените долгови се меѓу Трудбеник и јавното претпријатие, и тоа треба тие самите да го решат. Малтретирањата траат скоро три месеци, изјави Руме Цветаноски.

Судот за овој случај на почетокот од годинава даде судска забрана за било какви дејствија до конечна развршница на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1