Силувачот на 7 жени ослободен – една од жртвите се самоуби


41-годишна жена се самоуби, откако претходно два пати изнела докази пред судот за поранешен војник кој ја силувал, но се извлекол без никаква казна.

zena siluvanjeИмено, 41-годишната Трејси Шелви сведочела против поранешниот војник Патрик Хал кој бил обвинет за силување на седум жени во периодот од 2006 до 2011 година. Но, кога двајца полициски службеници отишле во нејзиниот стан во Хејвуд (Англија) да и’ соопштат дека Хал е ослободен без никаква казна, таа многу се вознемирила.

После тоа уште еднаш ја посетиле, но Трејси веќе била во подобра состојба. Сепак, ден потоа околу 10.10 полицијата била повикана кај една катна гаража во близина на домот на Трејси.

Трејси скокнала од кровот на гаражата и била прогласена за мртва на местото на настанот.

Полицијата спроведува дополнителна истрага.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1