Оживеан лик на жена почината пред 1800 години (Фото)


Се верува дека жената живеела во 245-та година во Британија, за време на Римското царство, а нејзиниот череп е пронајден во источен Сасекс во 1953-та година.

аааааа-630x628Со помош на најновата технологија која се користи за 3Д реконструкција на различни форми повторно е оживеан нејзиниот лик , сега знаеме како изгледала иако живеела пред 1.800 години.

Според наодите таа имала африканско потекло, кое не било типично за жителите на овој предел, но истражувачите претпоставуваат дека живеела во Европа како нечија сопруга или љубовница.

“Ова е неверојатно откритие. Во моментов знаеме дека таа починала на 30 годишна возраст, имала одлична исхрана со риба и зеленчук, а нејзините коски и заби беа во одлична состојба”, изјави Џо Симан, претседател на археолошкиот оддел на музејот “Eastbourne Borough”.

Целосниот костур на овој примерок за првпат ќе биде изложен во целост за британската јавност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1