Авионот на Борисов принудно слета


Авионот со кој патуваше бугарскиот премиер Бојко Борисов морал да се врати во софискиот аеродром веднаш по полетувањето за Брисел во средата навечер, пренесува агенцијата Фокус за која е потврдена информацијата.boyko-borisov

Според агенцијата БГНЕС, лица блиски на Борисов кои биле во леталото изјавиле дека авионот со бугарскиот премиер кружел речиси еден час над аеродромот во Софија поради проблеми со шасијата.

Авионот морал да кружи за да го потроши горивото за да биде олеснет пред да се приземји, откако еден дел од опремата за слетување ткна „стајни трапови“ по полетувањето не се вовлекол.

Борисов, кој во четвртокот треба да учествува на седницата на Европскиот совет во Брисел, подоцна во текот на вечерта ќе отпатува со друг авион.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1