Авионот на Ердоган бил на нишан на ловци Ф-16


Авионот со кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ноќта кога е извршен пучот се враќал од одмор во Истанбул, за време на летот бил на нишан на пилоти-пучисти кои летале со два борбени авиони Ф-16, но сепак не пукале.erdogan-avion

Турскиот лидер се вратил во Истанбул од Мармарис.

-Авионот на Ердоган беше на нишан на најмалку два ловци Ф-16 додека леташе за Истанбул. Во придружба на авионот во кој е наоѓаше Ердоган исто така имаше два авиони Ф-16. Зошто не пукале е мистерија, изјавил поранешен воен офицер запознаен со инцидентот.

Претходно беше обајвено дека кратко по напуштањето на хотелот каде бил сместен турскиот претседател, истиот бил бомбардиран.

-Ја избегна смртта за неколку минути, изјавува друг анонимен извор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1