Авионот се преполовил – патниците преживеале принудно слетување


Сите 46 патници преживеале во понеделник принудно слетување на авионот во западна Индонезија, иако леталото се преполовило, соопштија надлежните.

avion nesrekjaАвионот од кинеско производство, во сопственост на локалната авиокомпанија „Мерпати Нусантра Ерлајнс”, извршил вонредно слетување во градот Кукангу.

Неколку патници се повредени, но никој не загинал, кога леталото се лизнало од пистата, бидејќи не успеало да се запре на време, пренесе RIA Novosti.

Аеродромот ќе биде затворен додека леталото не биде отстрането, а во тек е истрага за овој случај.

Индонезија во 2011 година забрани слетување на авиони од типот МА60, како овој денеска, на три аеродроми од сигурносни причини, откако еден ваков авион падна и загинаа 25 луѓе

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1