Загина работник на трката на Формула 1 во Канада – го прегази кран на пистата


Работникот на патеката на Големата награда на Канада, помагал да се тргне оштетениот болид. Му паднало радиото и се наведнал да го подигне, но возачот на кранот не го забележал и го прегазил.

formula 1 zagina rabotnikРаботникот на патеката паднал под тркалата на кранот која го собирала оштетениот болид. Човекот бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите – станува збор за 38-годишен работник со 10-годишно искуство.

Во вториот круг од трката, болидот на Естебан Гутиерез излетал од патеката и удрил во ѕид. Гутиерез минал без повреди, а болидот од патеката го отстранувале еден кран и двајца работници. На едниот му паднало радиото, и се наведнал да го подигне, но возачот на кранот не го забележал и го прегазил.

Иако со брза интервенција работникот бил пренесен во најблиската болница, повредите биле претешки. Тој вчера починал.

“Изразуваме сочувство до семејството на загинатиот. Тоа беше трагична несреќа. Работникот бил пренесен со хеликоптер во болница, а лекарите не можеле ништо да направат”, стоело во службеното соопштение на Светската автомобилска федерација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1