Авионски несреќи во Македонија


  • Првата авионска несреќа во Македонија од цивилен карактер се случила на 22 октомври 1951 година. Авионот на ЈАТ, кој полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје, при што загинале 12 луѓе.
  • На 22 септември 1975 година авион од типот Антонов 2R при слетување на скопскиот аеродром се судрил со авион исто од типот Антонов.
  • На 24 јули 1992 карго авион  на Volga – Dnepar Airlines се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на приближување кон аеродромот. Авионот удри во планина близу селото Лисец. Во оваа несреќа загинаа осум луѓе.
  • На 5 март 1993 година, на полетување од скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници, а во несреќата загинаа 86 патници.
  •  22 ноември истата година кај охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна и однесе во смрт 115 луѓе, а само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета.
  • На 18 септември 1995 авион кој беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје. Загинаа два члена на екипажот.
  • На 17 март 2001 година, во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди.
  • На 12 јануари 2008 година хеликоптер на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце. Притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ.
  • На 28 август 2008 година, авион од типот Цесна се урна во месноста Скребатно кај с. Лескоец, во близина на Охрид. Во несреќата загина пилотот и тројца патници во авионот.
  • Во 2016 година се урна Пајпер во близина на селото Кожле. Загинаа шест луѓе, патници и членови на екипажот.Приватен комерцијален авион од Тревизо, Италија, со германски регистарски ознаки, се изгубил од радарот на скопскиот аеродром. Најден е во пламен кај селото Ветерско, велешко
  • 2019 – Георги, Гергана, Билјана и Калина Бошнакови се четирите жртви во авионска несреќа кај Солунска глава. Се работи за семејство на бугарскиот бизнисмен со две деца, од кои едното е малолетно. Авионот од типот „Цесна“ со германски регистрации летал од Охрид кон Софија.Леталото се урнало на непристапен терен, а акцијата за негово проаѓање беше прекината доцна синоќа поради лошите временски услови.

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1