Во Австралија се очекува гласање на закон според кој дувањето роденденски свеќички ќе биде забрането.
Причина за тоа се предложените здравствени мерки кои наведуваат дека со дувањето роденденски свеќички, се пренесуваат бактерии.
Според лекарите при дувањето на свеќите се исфрлаат голем број бактерии со голема брзина кои се опасни за сите вопросторијата.
А со оглед на фактот дека свеќички се дуваат на детски родендени голем бил бројот на деца кои се заразиле со одредени бактерии токму на вакви забави.
Австралиската министерка за здравство, Тања Плиберсек, предлага да се воведе употребата на индивидуални колачиња наместо цела торта. Славеникот би добил свое колаче со свеќа која ќе ја дува, па така нема да се шират бактерии на сите гости.