Полн стомак долари – шверцувала пари во капсули кои ги проголтала


 На меѓународниот аеродром „Токумен“ во Панама, уапсена жена од Гватемала со повеќе од 31.000 долари спакувани во капсули кои ги проголтала.

g_droga44 годишната жена била нервозна и сомнително се однесувала, па цариниците се посомневале да не шверцува дрога и ја испратиле на дополнителна ренген контрола. Кога ја прегледале жената нашле дека има проголтано 39 капсули.

Откако ги извадиле од нејзиниот организам се изненадиле дека во капсулите нема дрога туку пари – и тоа околу 30.000 долари.

Жената е задржана во притвор и ќе биде обвинета за нелегално пренесување на пари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1