Домородец им објасни кој е всушност илегален доселеник (Видео)


Американски староседелец решил на еден собир на кој луѓето протестирале против илегалните доселеници, да им објасни како работите всушност стојат.
500-Indijanac-500x318„Сите вие сте проклети илегалци. Сите вие сте илегалци! Ние никого не познававме од вас овде. Ние сме единствените вистински американски староседелци“, била пораката на еден неидентификуван маж.
Укажувајќи на европската историја за окупацијата на туѓа земја, човекот се соочил со секој протестант посебно, (повеќемината се себе имале знаме на Соединетите Американски Држави), се додека сите на крајот не го напуштиле собирот.
„Само продолжете со вашите лажни аргументи. Ние сме единствените овде кои што престојуваат легално. Ние сме тие кои што треба да го носиме тоа знаме, затоа што црвената боја е бојата на нашата крв, која ја пролевавме со векови“, изјавил тој, мислејќи на домородната популација на Америка.
Повеќемината од собраните го игнорирале човекот кој со себе носел мало дете, иако некои од нив го информирале дека и тие имаат исто потекло како и тој.
Претседателот на САД, Барак Обама, неодамна за време на својот говор, ја потсети нацијата дека „доколку не сте еден од оние првите Американци, домордоци, тогаш вие сте дошле од некаде – некој вас ве донел овде“.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1