Австрија ќе ги враќа мигрантите во Хрватска и Словенија, „и таму имаат иднина“


Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лејтнер објави соопштение во кое навестува дека е можно Австрија да ги враќа бегалците што ќе ѝ дојдат од Хрватска и Словенија, затоа што тие се безбедни и просперитетни земји, во кои мигрантите исто така би имале убава иднина.migranti-ungarija

Таа во соопштението истакнува дека не разбира зошто во Словенија и во Хрватска не се почитуваат европските правила за азил и најави дека Австрија строго ќе се придржува до нив, што вклучува можност да ги враќа новодојдените бегалци во тие две земји.

Таа вели дека ниту Хрватска ниту Словенија не се небезбедни земји и дека не може да се каже дека мигрантите во нив не би имале иднина.

Микл-Лејтнер се заложува за усогласување на европскиот план за бегалските квоти и вели дека треба да се инвестираат милијарди евра во бегалските кампови во самата Сирија, кои би го запреле сегашниот бран луѓе што пристигнуваат во Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1