Автобус падна во провалија – загинаа 15 деца на возраст од 13 до 18 години


Најмалку 15 лица загинале, а 19 се повредени откако во централниот дел на Чиле автобус паднал во провалија. 

cile

Несреќата се случила во градот Томе, во провинцијата Биобио, кога автобусот полн со патници паднал во провалија.
“Засега знаеме дека има 15 жртви, а дека 19 се повредени, од кои седум се наоѓаат во критичка состојба“, рекол Лучијано Пара, портпарол на тамошниот градоначалник.
Спасувачите потврдија дека жртвите се на возраст меѓу 13 и 18 години, а меѓу нив е и едно бебе.
Чилеанските медиуми објавија дека автобусот паднал во 150 метри длабока клисура во планинската област, 470 километри јужно од главниот град.
Градот Томе се наоѓа на 500 километри јужно од престолнината Сантјаго.Се наведува дека автобусот немал сигурносни ремени на седиштата и дека бил наменет само за градска употреба.

cile1
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1