4 жртви и 700 илјади без струја – снежна бура во САД (Видео)


Четири луѓе ги загубија животите а 700 илјади домаќинства останаа без електрична енергија во незапаметената снежна бура што го погоди североистокот на САД.

bura sad90 сантиметри снег на американскиот североисток, соопшти националната метеоролошка агенција. Покрај четирите жртви во САД, уште три лица во несреќи предизвикани од невремето загинале во соседната Канада. Околу 700 илјади домаќинства во девет сојузни држави се без електрична енергија, поради тоа што влажниот и тежок снег ги урива гранките од дрвјата врз далноводите.

Вонредна ситуација е прогласена и во државите Њујорк, Мејн, Конектикат, Масачусетс и Род Ајсланд.
Властите во североисточните американски сојузни држави наредија на сите возила, освен оние на вонредните служби, да не излегуваат на патиштата.
Во саботата на североистокот од САД беа откажани 2.200 летови, откако претходно во петокот беа откажани 4.000 полетувања. Целосно се затворени меѓународните аеродроми во Бостон и Виндсор Локс во Конектикат.

Во Портланд и Мејн паднале 73,2 сантиметри снег, најмногу од 1979 година, а кај местото Катиханк во државата Њујорк измерена е брзина на ветрот од 133 километри на часа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1