Силен земјотрес во Колумбија – 6 повредени


kolumbШест лица се полесно повредени а околу 100 куќи се оштетени во силниот земјотрес со магнитуда од 6,9 степени по Рихтер кој во сабота попладнето ја погоди Колумбија.

И покрај моќноста на потресот, кој бил почувствуван и во стотици километри оддалечената еквадорска престолнина Кито, во кој зградите се лулале цели две минути, во Колумбија не е забележана поголема материјална штета. Целата инфраструктура останала неоштетена.

„пет возрасни и едно дете се полесно повредени. Засега имам информации дека се оштетени 124 домови”, изјавил Карлос Иван Маркез, шеф на националната служба за вонредни ситуации, пренесува Reuters.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1