59-годишен автомеханичар од Аргентина, Хорхе Одон, смисли направа која би можела да влезе во историјата на медицината. Со навлекувањето на пластична кеса преку главата на бебето за да му се спаси животот доколку е заглавено при породувањето.
Хорхе Одон прототипот на уредот го направил во својата кујна со помош на стаклен бокал, кукла на неговата черка и пластична кеса со платнена рачка.
Тој го претставил својот изум во Светската здравствена организација, каде веднаш предивикал огромен интерес. Една американска компанија за медицинска технологија веднаш му понудила лиценца за производство.
Имено, уредот Одон помага при безбедното извлекување на бебињата заглавени во породилниот канал.
Се што треба акушерот да направи е да ја навлече кесата на главата на бебето, а потоа да ја надува и да ја повлече рачката што се наоѓа на неа за новороденчето да излезе.
Одон идејата ја добил додека на Јутјуб гледал снимка за тоа како се вади тапа од празна винска флаша.
Според Њујорк тајмс, гинеколозите и акушерите го поздравуваат изумот како најзначајното откритие во медицината што се случило во последно време.
Заглавените бебиња акушерите денес ги извлекуваат со помош на форцепс или вакум екстрактор, но кај овие методи постои ризик од повреда на бебето. „Кесата“ на Одон веќе била тестирана при пораѓање на тринаесет Аргентинки а ќе се тестира и во Кина, Индија и Јужна Африка.