Дрво падна врз „Мерцедес“ во Косел – возилото уништено (Фото)


Стар чинар се преполови и падна врз автомобил марка „Мерцедес“ во центарот на селото Косел, охридско. За среќа во моментот на несреќата во возилото кое било паркирано во непосредна близина на семејна куќа немало никој со што е избегната трагедија, пишува Ohridnews.

Локалните жители се револтирани на надлежните институции, бидејќи од порано предупредувале на опасноста од паѓање на старото дрво. Како што истакнаа мештаните, нивното барање чинарот да се исече било одбиено со образложение дека се работи за заштитено дрво.

OhridNews

k4

k3

k2

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1