Автомеханичар измисли направа за полесно породување (ВИДЕО)


59-годишен автомеханичар од Аргентина, Хорхе Одон, смисли направа која би можела да влезе во историјата на медицината. Со навлекувањето на пластична кеса преку главата на бебето за да му се спаси животот доколку е заглавено при породувањето.

odon - porogjaj masinaХорхе Одон прототипот на уредот го направил во својата кујна со помош на стаклен бокал, кукла на неговата черка и пластична кеса со платнена рачка.

Тој го претставил својот изум во Светската здравствена организација, каде веднаш предивикал огромен интерес. Една американска компанија за медицинска технологија веднаш му понудила лиценца за производство.

Имено, уредот Одон помага при безбедното извлекување на бебињата заглавени во породилниот канал.

Се што треба акушерот да направи е да ја навлече кесата на главата на бебето, а потоа да ја надува и да ја повлече рачката што се наоѓа на неа за новороденчето да излезе.

odnon poroduvanje

Одон идејата ја добил додека на Јутјуб гледал снимка за тоа како се вади тапа од празна винска флаша.

Според Њујорк тајмс, гинеколозите и акушерите го поздравуваат изумот како најзначајното откритие во медицината што се случило во последно време.

Заглавените бебиња акушерите денес ги извлекуваат со помош на форцепс или вакум екстрактор, но кај овие методи постои ризик од повреда на бебето. „Кесата“ на Одон веќе била тестирана при пораѓање на тринаесет Аргентинки а ќе се тестира и во Кина, Индија и Јужна Африка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1