Вечерва, на крстосницата во близина на Железничката станица во Скопје, автомобил прегазил девојка, која како што може да се види на фотографиите, по несреќата останала да лежи на асфалтот, јавува Сител.
Според изјавите на очевидци, по ударот девојката не можела да се движи, а набрзо дошла и екипа на Брзата помош која ја одвела на една од скопските клиники. Засега, нема информации за тоа колку се сериозни повредите кои настанале од директниот удар.