Автономијата е одбранета – Ќе се изготвува нов закон за високо образование


Власта го прифати барањето на академската заедница за изготвување нов закон за високо образование. Ќе се формираат работни групи кои во рок од 30 до 40 дена ќе го изработат неговиот концепт, а потоа и текстот кој што ќе биде ставен на јавна расправа. Ректорот на УКИМ не прецизираше дали во новиот закон ќе остане најспорната одредба- државниот испитprotest studenti mk

Задоволство од исходот на средбата искажаа и претставниците на студентсткиот пленум. Дополнително ќе ја соопштат одлуката дали ова значи дека ќе запрат со окупациите на факултетите

,, Ја добивме битката, но не и војната. Дури сега ќе почне да се пишува новиот закон, а во меѓувреме не ги забораваме ниту останатите проблеми во образованието како лошите студентски домови, привилегирањата на одредени персони, непотребните давачки во стилот на ИКСА, корумпираните студентски парламенти…Студентскиот пленум не застанува тука,, напишаа од Пленумот на нивната ФБ страна.

Бојкотот на наставата беше предизвикана поради незадоволството на студентите од измените на законот за високо образование, особено поради идејата за воведување државен испит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1