МАСАКР ВО ЧЕШКА: Психички нестабилен маж изрешета 8 лица во ресторан (Видео)


Вооружен маж убил осум лица, тешко повредил една жена и потоа се самоубил во ресторан во Ухерски брод, во југоисточниот дел на Чешка. Според достапните информации, напаѓачот е 60-годишен локален жител кој бил нервно растроен.

restoran-ceska2-500

Тој, нападот претходно го најавил во чешката комерцијална телевизија Прима, објаснувајќи дека бил принуден на чинот поради тоа што што постојано бил навредуван, а никој од надлежните не преземал никакви мерки.
Портпаролот на полицијата Павел Странски изјавил дека вооружениот маж влегол во пабот и почнал да пука во 13 часот по локално време, но не ја потврдил информацијата за бројот на мртви. Тој додал дека напаѓачот бил совладан.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1