Баба донела мртво бебе во болница во Велес


Машко бебе старо само 10 дена почина во Велес. Смртта ја утврдиле лекарите во Брзата помош. Кај нив детето го донела неговата баба. Вчера утро околу седум часот жената во паника пристигнала во итната служба и барала помош за својот внук. И покрај брзата реакција на лекарите, не можел да се спаси животот на бебето.

policija

Првичниот увид не ги покажал причините за смртта на бебето старо 10 дена. Поради ова, јавниот обвинител побарал обдукција на телото. Институтот за судска медицина ќе треба да утврди како починало детето.

Случајот го истражува и велешката полиција. Од секторот за внатрешни работи велат дека се превземаат мерки за расчистување на настанот. Инаку според неофицијални информации, починатото дете било петто во семејството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1