Баба командос: Таа е редовен припадник на војската на Украина (Видео)


Баба од Украина стара 68 години е наречена „Одмазница“ (The Punisher) откако го завршила крутиот воен тренинг со кадети кои се дури по четири децении помлади од неа.

Репортажата снимена во воениот камп ја прикажува Екатерина Билик како се валка по полиња прекриени со снег, скока и испукува рафали заедно со младите војници.hitportal-baba1-260x146

Имено, Екатерина се подготвува да превземе улога во жестоката борба која ја разорува источна Украина.

Оваа мајка на три деца и баба на пет внуци, доаѓа од градот Зидаев на западот од Украина.

– Цел живот бев овде и преживеавме окупација од нацистите и Советите и верувам дека ова за што се залагам е исправно и дека повеќе нема да бидеме окупирани. Одлучив да се пријавам во кампот затоа што сакам да им дадам пример на младите луѓе – без оглед на тоа колку сте стари, можете нешто да направите, истакнала таа.

Портпаролот на војската Наталија Ишенко потврдила дека бабата учествувала во сите тренинзи како и останатите регрути кој биле по 40 години помлади од неа, дека ги поминала сите тестови и дека се служела со пушката скоро прецизно како и останатите.

Откако го поминала тренингот, баба Екатерина изјавила дека сега е подготвена за првата борбена линија.

Локалната веб страна Tengrinews ја известила јавноста дека нејзините колеги и го дале надимакот „Одмазница“ поради начинот на кој зборувала што ќе им направи на проруските сепаратисти.

– Мораме да им ја пренесеме пораката дека Украина е слободна земја и ако не им се допаѓаме, слободно нека се вратат назад во Русија, додала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1