Баба од 102 години се присети колку всушност била некогаш секси (Видео)


alisАлис Баркер пред повеќе од 70 години била танчерка. Таа танцувала за некои од највлијателните луѓе во претходниот век. Алис денес има 102 години и по прв пат го виде видео записот од нејзиното танцување во 1930-тата година.

Алис танцувала со легенди како што се Френк Синатра, Џин Кели, Бил Робинсон, но и на некои големи случувања како Аполо, Котон Клуб и Занзибар Клуб.

Иако се појавувала во повеќе реклами, филмови и серии, Алис никогаш не успеала да види ниту еден свој видео запис. Сè што има од спомените од својата младост се фотографиите.

Благодарение на Марк Кантор од продукцијата “Џез во филмовите”, таа имаше можност да види колку била згодна и провокативна на сцената.

Додека го гледаше својот видео запис од младоста, таа докажа дека танцот и музиката се во нејзините вени. Таа ги замоли луѓето повторно да ѝ го пуштат записот при што додаде:

– Посакувам да станам од креветот и сè да направам повторно исто како во младоста.

Нејзината реакција на видео записите од младоста ja погледнаа речиси милион луѓе:

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1