Бабата дилер осудена на смрт – британката тврдеше дека и сместиле (Видео)


Британката Линдзи Сандифорд (56) е осудена на смртна казна во Индонезија поради шверцување дрога.

britanka drogaМинатата година таа беше уапсена на аеродромот на островот Бали откако полицијата пронајде 3.8 килограми кокаин во нејзината торба. Британката тврдеше дека и сместиле, дека некој ја присилил на шверц, но судот не го зема тоа во предвид. И иако обвинителството барало 15 години затворска казна, судиите ја осудиле на смртна казна бидејќи трајно го оштетила туристичкиот имиџ на Бали, јави Би-би-си.

Сандифорд за време на судењето се извинила поради шверцувањето, но и дека цело време тврдела дека немала друг избор бидејќи стравувала за животите на нејзините деца. Судот во пресудата навел дека таа била главна алка во организираното шверцување во кое наводно учестувувале неколку лица од Бали и Британија.

Во моментов во Индонезија 114 затвореници чекаат извршување на смртна казна, од кои најмалку 40 се странци. од 1998 во оваа земја се егзекутирани 5 странски државјани, а од 2008  иако 10 странци добиле срттна казна ниту една егзекуција не е извршена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1