Цените на станбените објекти во Грција во вториот квартал годинава паднаа со поголема стапка во однос на првиот квартал. Падот на цената, како што пренесуваат грчките медиуми е последица на повторното влегување на Грција во рецесија која се одрази на примањата на домаќинствата и вработувањата пренесува Лидер.
Најголем дел од богатството на грчките домаќинства е во недвижности, а Грција е една од земјите која има најголема стапка на сопствеништво над станбени објекти во Европа, 80% во однос на просечните 70% во Европската унија, според податоците на Европската хипотекарна федерација, пренесува Ројтерс.
Според податоците на Централната банка на Грција, цената на становите во вториот квартал од годината бележи пад од 5,6% во однос на истиот период лани, додека годишната стапка на падот на цената на становите во првиот квартал изнесуваше 4,1%.
Како што наведува Ројтерс, поевтинувањето на недвижностите во Грција почна да се намалува откако го достигна дното од 10,8% во 2013 година до првиот квартал од 2015 година.
Од врвот на должничкта криза во 2008 година цената на станбените објекти во Грција се паднати за 40,5%, наведува Ројтерс и додава дека пазарот на недвижности е погоден со високиот данок на имот кој владата го воведе за пополнување на буџетскиот дефицит.