Хаг го докусури: Ратко Младиќ има тешко оштетување на мозокот, тврди неговиот адвокат


Руските лекари се уште не доставиле извештај за здравствената состојба на Ратко Младиќ, но неговиот адвокат Бранко Лукиќ тврди дека станува збор за тешко оштетување на мозокот по трите мозочни удари кои ги преживеал додека бил во бегство.

– Лекарите во Кралската болница Броново утврдиле дека на Младиќ повеќе од 50 отсто од мозокот не му е во функција, бидејќи постои калцификација. Тие не прецизираат колкаво е оштетувањето, истакна Лукиќ, кој ја предводи одбраната на Младиќ.mladic2

На поранешниот командант на војската на Република Српска му е одземена целата десна страна од телото, има проблем со крвниот притисок, комуникацијата со него е тешка, а неговите адвокати имаат проблем кога се обидуваат да разговараат со него за судскиот процес пред Хашкиот трибунал.

Младиќ сам наметнува теми за разговор и тоа најчесто се случувања од пред 30 или 40 години или од блиско минато. Тој не се сеќава на настани пред 10 или 20 години, а посебен проблем се разговорите за воените случувања во текот на 90-тите години од минатиот век.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1