Балканот под вода – има и жртви


Балканот повторно на удар на надојдената вода. Сликите од големата поплава во Србија и Босна и Херцеговина се повторуваат, овојпат во Албанија и се смртоносни. Во Лач, северозападно од Тирана, поплавниот бран предизвика семејна трагедија. Се удавија 60-годишен човек и неговата 26-годишна ќерка.

8poplavi500

 

 

Таткото бил најден заглавен во автомобилот од каде што телото го извлекле пожарникарите, а девојката неколку километри подолу по течението. Телото на 21-годишен мотоциклист е најдено во надојдената вода во Лач, а неговиот другар е спасен, кога реката го урнала мостот по кој поминувале. Војската се вклучи во евакуацијата пред природната стихија, но малку е веројатно дека ќе се избегне хуманитарната катастрофа.

Невремето за само два часа истурило над Албанија 130 милиметри дожд на квадратен метар. Најтешко било во Лач и во Леже, каде што во текот на ноќта снемало струја. Во Тирана, Драч и Скадар, улиците се претвориле во реки, вода избивала од канализацијата.

Лошото време не ја поштеди ни Србија. Поток го проби бедемот и направи езеро во Бујановачка Бања. Поплавени се патот и 10-тина домови, едно семејство е евакуирано. Жителите се револтирани од штетата што ја претрпуваат секоја година.

Големото невреме со електрични празнења што го зафати Балканот, крена големи бранови на Јадранското море, каде што во повеќе пристаништа е запрен поморскиот сообраќај. Штетите допрва ќе се утврдуваат, но втората голема поплава потврдува дека ваквите временски услови веќе стануваат правило во регионов и ќе се повторуваат во иднина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1