БАЛКАНОТ ВО ШОК: Ја силувал ќерката, па ја заклал жена му!


Пред една година ја силувал својата ќерка, а денеска ја уби сопругата. Балканот е во шок по Семејна трагедија што ја потресе Србија.

Имено, во српската населба Чока денес се случило злосторство кое што ја потресе српската јавност. Четириесет и петгодишниот Габор утринава со нож ја заклал својата сопруга Андреја (40) во просториите на нивната семејна куќа.

srbija-zaklal-mazzan-01-640x367

Семејната трагедија се случила утринава околу 11.30 часот, а она што е уште поморничаво во целата трагедија е фактот дека главниот осомничен за бруталното убиство пред една година излегол од затвор, каде што бил на издржување на затворска казна во траење од 4,5 години, поради силување на неговата малолетна ќерка!

Додека тој бил во затвор, разочараната жена, поради она што нејзиниот сопруг и го направил на нивната малолетна ќерка, го продала сиот семеен имот.

По неговото излегување од затворот, брачните сопружници постојано се расправале, а Габор во текот на изминатиот викенд брутално ја претепал сопругата, по што таа се здобила со тешки телесни повреди.

Меѓутоа, по сослушувањето во полиција, Габор наместо да биде задржан, туку бил пуштен на слобода, па утринава на ѕверски начин ја усмртил несреќната жена, приредувајќи уште една трагедија во нивното семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1