Балканските лоши момци – размазените синови на политичарите


Политичарите како Слободан Милошевиќ, Алија Изетбеговиќ и Ибрахим Ругова со години влијаеја врз судбината на балканските држави. Нивните синови сега привлекуваат внимание со скандали и сомнителни активности.

rugovaНа синот на поранешниот косовски претседател, Ибрахим Ругова, Ике Ругова, му се заканува долга затворска казна за наводно членство во криминална организација. ЕУЛЕКС неодамна го уапси во спектакуларна акција, по неколкучасовно пребарување на куќата. Младиот Ике Ругова е осомничен за учество во продажбата на шенген-визи, од кои наводно заработувал по 4.000 швајцарски франци за секоја.

Најпознатото „лошо момче“ е синот на поранешниот српски лидер Слободан, Марко Милошевиќ. Во деведесеттите години со помош на царинските службеници и тајните служби, контролираше цела империја со шверц на цигари, бензин и алкохол.

marko milosevicМарко своевремено беше плејбој, опкружен со убави жени, кој го привлекуваше вниманието со луксузни шопинзи во европските градови и кој на трките си дозволуваше сериски да уништува скапи автомобили.

Во Пожаревац, родниот град на неговиот татко, младиот Милошевиќ поседуваше „Бамби парк“ и диско „Мадона“. „Се’ што има, мојот син создаде со свои раце“, се фалеше таткото Милошевиќ за неговиот економски успех.

Своите раце и тупаници Марко ги употребуваше главно против активистите на „Отпор“. Еден од нив дури сакаше да го распарчи со моторна пила.

marko_milosevic_932Кога неговиот татко беше соборен од власт, Марко избега во Москва. Српското судство издаде потерница за него преку Интерпол, го казнија во отсуство, но потоа го ослободија – поради застареност на делото.

За него потоа ништо не се слушна, освен дека руските власти во 2008 потврдија дека добил статус на бегалец.

Бакир Изетбеговиќ, син на Алија Изетбеговиќ, е еден од тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Тој се смета за одговорен за политичкиот ќор-сокак и корупцијата.

alija-i-bakir-izetbegovic4

На последните демонстрации беше побарана и неговата оставка, меѓу другото и поради тоа што набавил „ауди А8“ како службено возило по цена од 120.000 швајцарски франци.

Во Сараево може да се слушне дека архитектот Бакир Изетбеговиќ ја контролира градежната сфера и дека е поврзан со организираниот криминал. Во извештајот на ОН во врска со исчезнатите пари од помошта дадена на БиХ (наводно станува збор за една милијарда долари) Изетбеговиќ „помладиот“ е обвинет за корупција. Тој како шеф на Одделот за урбанизација и развој на градот ги доделувал градежните работи на свои пријатели за да добие пари за возврат. „Сето тоа се глупости“, тврди тој со леснотија, бидејќи нема зошто да се плаши од слабите судски институции во оваа земја.

Дојче веле

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1